Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Попова Шапка ќе биде отворена новата шестоседна жичница „Лајтнер”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На Попова Шапка ќе биде отворена новата шестоседна жичница „Лајтнер”
Агровести

На Попова Шапка ќе биде отворена новата шестоседна жичница „Лајтнер”

Објавено 29/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на „ЕЛЕМ Турс”, Адем Авзиу, денеска во ски-центарот Попова Шапка ќе го означат пуштањето на шестосед-жичницата „Лајтнер” во оваа сезона.

Од „ЕЛЕМ Турс”, кој стопанисува со зимскиот центар, информираат дека користењето на шестоседот на првиот ден на пуштањето е бесплатно за панорамски разглед за посетителите на Попова Шапка.

– Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата на жичницата е 1510 метри, со максимален капацитет за транспорт од 2400 скијачи на час. Шестоседната жичница е позиционирана на локацијата од Мал Јелак до врвот на ски-лифтот Ајдучка Рамнина (поранешно Ге). По трасата на новата жичница ќе се овозможат нови ски-патеки во должина од над три километри, велат од „ЕЛЕМ Турс”.

Шестоседната жичница ќе работи редовно, како и останатите ски-лифтови и жичници од 9 до 15:30 часот. Цената за едно возење на шестоседната жичница од сабота е 150 денари. За сите билети во Ски-центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари.

– Новата жичница со постојните ски-лифтови и жичници ќе овозможи подобар и побрз проток на скијачи и ќе понуди уште поатрактивни скијачки патеки. Со тоа, Ски-центарот „Попова Шапка” и оваа сезона е вистинскиот избор за скијање и сноубординг и за сите кои уживаат во зимските спортови, порачуваат од „ЕЛЕМ Турс”.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жичницаЛајтнерПопова Шапка
Претходен напис Заев за петтиот сет економски мерки: Бришење на каматите на долговите за сите граѓани
Следен напис Количините на влага во почвата ќе ги освежи есенските посеви, сметаат земјоделците од Пијанец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?