Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Количините на влага во почвата ќе ги освежи есенските посеви, сметаат земјоделците од Пијанец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Количините на влага во почвата ќе ги освежи есенските посеви, сметаат земјоделците од Пијанец
Агровести

Количините на влага во почвата ќе ги освежи есенските посеви, сметаат земјоделците од Пијанец

Објавено 29/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дождот и снегот кои интенивно паѓаа на територијата на Пијанец ќе ги освежи есенските посеви и позитивно ќе влијае врз развојот на овошните насади. Земјоделците од овој регион тврдат дека влагата која длабоко навлезе во почвата ќе биде доволна и пролетната сеидба да се реализира без проблеми.

-Дождот е корисен за пролетните посеви, а особено за прихранување на есенските култури. Засега селските водотеци се полни и ќе придонесат таа влага да се задржи. Снегот кој паѓаше во изминатите два дена ќе се задржи во повисоките места што потоа ќе придонесе за спуштање на водата во пониските делови што е мошне важно за понатамошниот развој на веќе засеаното, велат земјоделци од овој крај.

Во рамки на есенската сеидба минатата година во Пијанечкиот регион беа засеани 450 хектари обработливо земјиште, при што, како што информираа од Подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најголем дел од засеаното е пченица која ја има на површина од 225 хектари.

-Од останатите култури 165 хектари зафаќа јачменот, 30 хектари се посеви со р’ж, додека 30 хектари се останати земјоделски култури. Очекувањата се и со пролетната сеидба бројките да бидат зголемени, истакнаа од канцеларијата на МЗШВ во Делчево.

Во наредниот период, како што додаваат земјоделците мошне важно е температурите да не бидат драстично под нулата, за да не дојде до оштетување кај овошните насади. Количината на влага која според нив ја има во почвата, повеќе од сигурно е дека добро ќе се одрази и на овошните насади кај кои наскоро започнува резидбата.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:влагаесенски посевиПијанец
Претходен напис На Попова Шапка ќе биде отворена новата шестоседна жичница „Лајтнер”
Следен напис Времето денеска облачно и ветровито, од вечер дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?