Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фалсификување на зачини – Најранлив е синџирот на снабдување со оригано, следат биберот, шафранот, куркумата…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фалсификување на зачини – Најранлив е синџирот на снабдување со оригано, следат биберот, шафранот, куркумата…
Агровести

Фалсификување на зачини – Најранлив е синџирот на снабдување со оригано, следат биберот, шафранот, куркумата…

Објавено 15/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЕУ произведува околу 100.000 тони зачински билки годишно, а увезува трипати повеќе, главно од Азија, Африка, Латинска Америка и Карибите. Во 2019 година, земјите членки увезле 379 илјади тони зачини од трети земји.

Дури 61% од Европјаните во анкетата на јавното мислење на Евробарометар 2020 изразиле загриженост поради измамата во однос на исправноста на изјавите за квалитетот на храната, додека 55% од нив се загрижени за ризиците што може таа да ги претставува по нивното здравје. Четири од десет изјавиле дека сакаат да бидат безбедни во храната која се увезува како и во храната произведена во ЕУ.

Во обид да се справи со можните измами, Европската комисија воспостави координирана контрола со цел попис на обемот и големината на неусогласените и незаконски маркетиншки практики во врска со билките и зачините на европскиот пазар.

На што најмногу се мами?

Студијата покажала дека за 17 отсто од анализираните билки и зачини постои сомневање за фалсификување, а најранлив е синџирот на снабдување со оригано.
Половина од примероците биле осомничени за фалсификување. Се верува дека станува збор за мешавина со лисја од маслинки. Потоа следат 17 отсто од мострите за бибер, 14 отсто за ким, 11 отсто за куркума, исто толку за шафран и шест отсто за пиперката и чилито.

Според соопштението на ЕК, можни се манипулации во секоја фаза од процесот, од производство, испорака, преработка па сѐ додека производот не стигне на пазарот.

Меѓу најчестите манипулации се:

-состојки, адитиви, бои или која било друга состојка што не е одобрена за употреба во храна и/или зачински билки;

-состојки, адитиви, бои или која било друга состојка одобрена за употреба во храната, но незаконски декларирани или означени во форма што може да го доведе во заблуда купувачот;

-зачини или билки во кои секоја вредна состојка што го доведува во заблуда клиентот е изоставена или отстранета;

-додаден е дел од истото ботаничко растение, но не до степен што е деклариран, што го доведува во заблуда купувачот.

Повеќето од сомнителните примероци кои беа идентификувани со истражувањето содржеле недеклариран растителен материјал. Само во два отсто од анализираните примероци на зачини се откриени неовластени бои. Едниот содржел високо ниво на олово хромат.

Инспекциските тела за храна можат да имаат корист од резултатите од оваа студија бидејќи им овозможува подобро да ги фокусираат контролните активности на борбата против измамите со храна, се вели во соопштението на Комисијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зачиникуркумашафран
Претходен напис Месото од закланите коњи ќе се уништи, АХВ спроведе вонредна инспекциска контрола во Зоолошката градина во Скопје
Следен напис Порано работел на бензинска пумпа, а денес е меѓу најдобрите хрватски земјоделци – Неговото масло од тиква собира награди, а тој сонува да направи музеј за тикви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?