Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
Агровести

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка

Објавено 27/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во сточарски фарми на Лезбос потврдени се четири нови случаи на шап и лигавка, со што вкупниот број се зголеми на 17, а министерот за земјоделство на Грција Костас Циарас денеска е во посета на островот, посета што предизвика реакции кај локалното население и сточарите, кои закажаа протест, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за земјоделство на Грција за случаите на шап и лигавка на Лезбос, информираа дека се следат одредбите на европската регулатива 2020/687 и локалната ветеринарна служба веднаш пристапува кон санитарно усмртување на сите животни во заразените фарми, со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Дополнително, околу заразените фарми е воспоставена заштитна зона од три километри, каде се применуваат конкретни мерки, како што се редовни ветеринарни инспекции, забрана за транспорт на животни итн.

– Надлежните ветеринарни служби континуирано ја следат епидемиолошката состојба и ја применуваат целата предвидена регулатива за ограничување на болеста. Строгото почитување на мерките за биолошка безбедност и воведените ограничувања се клучни за заштита на сточниот фонд на Лезбос и спречување понатамошно ширење на шап и лигавка, соопштија од Министерството за земјоделство на Грција.

Во посета на Лезбос денеска е надлежниот министер, кој се очекува да одржи состанок за ситуацијата со шап и лигавка, а паралелно, сточарите, поддржани од локалното население закажаа протест.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:17 случаигрчкиот островЛезбосшап и лигавка
Претходен напис Мартина Михајлова и Александар Пендароски избрани за невеста и зет на Галичката свадба 2026
Следен напис Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, првите нови авиолинии на 29 и 30 март до Милано и Неапол
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?