Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, првите нови авиолинии на 29 и 30 март до Милано и Неапол
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, првите нови авиолинии на 29 и 30 март до Милано и Неапол
Агровести

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, првите нови авиолинии на 29 и 30 март до Милано и Неапол

Објавено 27/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 29 и 30-ти март, Виз ер воведува три нови авиолинии до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, а на охридскиот аеродром – со четири нови дестинации.

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – шест нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и четири нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид – Милано, Виена, Вроцлав, Катовице.

– Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот распоред на летови на аеродромите во Скопје и во Охрид оваа година, претставуваат значаен чекор напред кон проширување на мрежата на дестинации. Тоа ќе овозможи подобра поврзаност на земјата со нови атрактивни градови, ќе отвори нови можности за туристички патувања за нашите ценети патници возаминување, места кои беа многу барани и потребни, но во исто време ќе придонесе за дојдовниот туризам со тоа тоа што странски туристи ќе доаѓаат во Македонија, преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Сезоната почнува со воведувањето на новата линија Милано – Охрид оваа недела на 29 март. Потоа, во понеделник, на 30 март, ќе почнат новите летови од Скопје до Неапол, а летовите од Скопје до Будимпешта ќе се вратат на редовниот распоред на летови. Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година на двата македонски аеродроми “, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

На 29 март, недела, Виз eр ја воведува новата линија Милано – Охрид, додека на 30 март авиокомпанијата ќеапочне да лета од Скопје до Неапол, како нова атрактивна дестинација во Италија, истовремено враќајќи ја редовната линија од нашиот главен град до главниот град на Унгарија – Будимпешта.

Од 2 и 3 јуни, Анадолија џет ќе го поврзе скопскиот аеродромот со Трабзон и Самсун, додека од 15 и 18 јули, Виз ер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).

Во рамките на летниот распоред на летови за 2026 година, кој почнува кон крајот на март и завршува на крајот на октомври, 15 авиокомпании ќе летаат до 54 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, вклучувајќи ги редовните летови преку целата година и сезонските летови, додека истовремено седум авиокомпании ќе летаат до 24 чартер дестинации, што е вкупно 78 дестинации од главниот град на земјава.

Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во летниот распоред на летови, осум авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови.

По воведувањето на новата авиолинија од Охрид до Милано, во јуни Виз ер ќе почне да лета и од Вроцлав и Катовице до Охрид. Од 17 мај, Аустриан ерлајнс ќе почне со летови од Охрид до Виена. Претходно овој месец, на 17 март, Виз ер веќе започна да лета од Охрид до Братислава.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги заврши првите два месеци од 2026 година со 539.474 патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Ова е зголемување од 31% на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година. Во исто време, бројот на летови (3.766) порасна за 14%.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:дестинацииЛетниот распоредМиланоНеаполОхридСкопје
Претходен напис На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
Следен напис УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?