Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Дебарско Езеро забрана за риболов на скобал, а следниот месец и на клен, крап и мрена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > На Дебарско Езеро забрана за риболов на скобал, а следниот месец и на клен, крап и мрена
Агровест

На Дебарско Езеро забрана за риболов на скобал, а следниот месец и на клен, крап и мрена

Објавено 16/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на скобал (скобуст), а следниот месец и на клен, крап и црна мрена.

– Во нашето езерото од вчера во сила е забраната за риболов на скобал што ќе трае до 15 мај. Исто така поради неодамнешното порибување со крап, до 30 јуни во сила е забраната на риболов на овој вид риба од месноста „Скали“ до месноста „Венец“. Во овој дел во езерските води, на крајот од минатиот месец, пуштивме 1.560 парчиња крап со тежина од еден до три килограми – изјави за МИА Дритан Боцку, претседател на Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото.

Дообјаснува дека забраната за лов на крап на целата територија на езерото ќе почне од 15 мај и ќе трае до 30 јуни, кога ќе има забрана и за лов на црна мрена, додека од први до 31 мај ќе биде воведена забрана за лов на клен.

Во овој период дозволен е риболов на плашица и на пастрмка, за која пак забрана се воведува од први октомври па се до 31 јануари.

– Нашата рибочуварска служба постојано е во обиколка на езерото. Наша цел како концесионер е да го заштитиме рибниот фонд на Дебарско Езеро, во што одлична соработка имаме со припадниците на дебарската полициска станица – посочува Боцку.

Ги замолува рибарите сите случајно уловени примероци од наведените видови риба, во периодот на забрана треба во жива состојба и неоштетени да ги вратат во езерската вода.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:debarsko ezero
Претходен напис Една третина од производството на вино во Франција ќе биде изгубено поради „ледениот бран“
Следен напис (Фото) Жареше и палеше на југословенската сцена, а денес не излегува од пластеникот – Знаете ли за која пејачка се работи?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?