Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На 21 јули истекува рокот за поднесување апликации за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > На 21 јули истекува рокот за поднесување апликации за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади
Јавни огласи и повици

На 21 јули истекува рокот за поднесување апликации за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади

Објавено 15/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 21 јули истекува рокот за поднесување аплиции за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека на 21 јули истекува рокот на кој земјоделците може да аплицираат за двата јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари со намена за подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна. Преку овие два јавни огласи на располагање се ставени вкупно 3.769 хектари државно земјоделско земјиште, распоредено во повеќе региони низ државата.

Намената на земјоделското земјиште кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години. Со огласот се опфатени 529 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари, распределени во 10 региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип.

Вториот јавен оглас е со намена за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. Вкупно на располагање под закуп со овој оглас се предвидени 3.240 хекатари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир.

Право на учество на јавените огласи имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Кај огласот за закуп на земјоделско земјиште со намена за производство на сточна храна минималната површина на земјоделското земјиште која може да се даде под закуп на еден учесник изнесува 3 хектари, доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки. Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари. Додека кај вториот оглас со намена за подигнување на долгогодишни насади големината на површината која може да се даде под закуп на еден корисник се утврдува врз основа на минимално материјално-техничката опременсот и бројот на вработени според бизнис планот на понудувачот.

Наша цел како министерство е секоја педа обработливо земјиште да го ставиме на располагање за обработка на земјоделците, како мотивација и поддршка за поголемо домашно производство на храна.

Јавните огласи беа распишани на средината од месец јуни и се достапни на следните линкови:

Јавен оглас бр.02/22: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688
Јавен оглас бр.03/22: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689

Повеќе информации и изготвување на апликации на АГРОТИМ [email protected] или на телефонскиот број 071 225 345

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:над 3 хектари
Претходен напис Николовски: Системот Славишко Поле е во финална фаза, а интензивно работиме и на системот Чаушица
Следен напис Прогноза на FAO за светското производство, залихите и трговијата со житарки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?