Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со житни култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > МЗШВ: Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со житни култури
Субвенции

МЗШВ: Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со житни култури

Објавено 04/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националниот план за производство на храна содржи мерки за директна поддршка на земјоделците, со акцент на житните култури. Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети.

Од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па ограничувањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка, од април оваа година важи без ограничување од еден хектар, па нагоре за сите производители на житни култури.

Оваа дополнителна финансиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство на житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од скоро 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година.

Донесениот Национален план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци.

Земјоделците добиваат 4.000 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за засеани површини со пченица и пченка и високи 2.500 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за површини засеани со јачмен и сончоглед. Нова интервентна субвенција од 400 денари по хектар е овозможена и за набавка на течни фолијарни ѓубрива, за минимум употребени 6 литри течно ѓубриво по хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед.

МЗШВ за производителите на житни култури распиша и посебен јавен оглас за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, распоредено во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари. Овој оглас предизвика голем интерес кај земјоделците и веќе со министерството се склучени рекордни 258 договори за закуп.

Како министерство заедно со Владата остануваме посветени во работата и креирањето на мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Наша цел е стабилно домашно производство, но и зголемување на домашното производство и помала увозна зависност на државата од житни култури.

Само заедно обединети и сложни можеме полесно да ја надминеме оваа криза. Токму затоа како министерство бараме и инсистираме од земјоделците, целото домашно производство, пред се, да го дадат во домашни предаботувачки и откупни капацитети.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Таг:субвенции
Претходен напис Во среда ќе се прска против комарци во Скопје
Следен напис Горивата поевтинуваат од половина до еден денар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?