Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Муртезани: До крајот на месецот ЕК треба да даде повратен одговор за Реформската агенда, првата транша од Планот за раст во втората половина на септември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Муртезани: До крајот на месецот ЕК треба да даде повратен одговор за Реформската агенда, првата транша од Планот за раст во втората половина на септември
АгровестиФондови

Муртезани: До крајот на месецот ЕК треба да даде повратен одговор за Реформската агенда, првата транша од Планот за раст во втората половина на септември

Објавено 30/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 14 јули Владата ја усвои драфт верзијата со придружните елементи на Реформската агенда и истата е испратена до Европската комисија на внатрешна консултација. До 31 јули треба да добиеме повратни коментари за да може после Владата врз основа на тие коментари да ја усвои крајната верзија на Реформската агенда, изјави денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Тој додаде дека по усвојувањето, следува потпишување договор на Инструментот за реформи и раст и Договорот за заем, по што следи ратификација во Собранието.

Муртезани изрази очекување дека во втората половина на септември треба да стигне првата транша од Планот за раст на ЕК.

Во април и мај годинава, Европскиот парламент и Советот на ЕУ се согласија земјите од Западен Балкан да добијат 6 милијарди евра од Брисел во рамки на Планот за раст на Западен Балкан којшто почива на четири столба – зајакнување на економската интеграција со единствениот пазар на ЕУ; зголемување на економска соработка меѓу земјите од ЗБ; забрзување на фундаменталните реформи и зголемена финансиска поддршка за фундаменталните реформи. Целта е преку засилена економска интеграција на земјите од регионот меѓу себе и со ЕУ, постепено да почне да се намалува разликата во стандардот на државите од Западен Балкан и Унијата. За да се случи таа интеграција потребни се реформи што секоја земја прво ги договара со Брисел, со конкретни рокови и задолженија, додека нивното спроведување ќе се поттикнува со финансиски средства.

Од тие 6 милијарди евра, за државава се наменети 750 милиони евра, од кои првата транша ќе изнесува седум проценти, односно 52,5 милиони евра.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕКмуртезанипариплан за раст
Претходен напис Голем пожар во Стар Дојран, зафатени се три куќи
Следен напис Муртизани: Ефикасноста во користењето на европските фондови се од суштинско значење за нашиот национален развој и патот кон членство во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?