Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос согласно работниот стаж, преку Агенцијата за вработување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос согласно работниот стаж, преку Агенцијата за вработување
Агровест

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос согласно работниот стаж, преку Агенцијата за вработување

Објавено 07/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Како што се наведува во соопштението од Министерството, надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години – 12 месеци.

-Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена за последниот месец, велат од Министерството.

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување.

MИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски и шведскиот амбасадор Солстром разговараа за унапредување на соработката во земјоделството
Над 10.600 слободни работни места: кои професии Македонија најмногу ги бара?
Министерот Серафимовски: Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка
Серафимовски: Нема повеќе земјоделство што преживува, време е за производство што носи профит
Британците преземаат драстични мерки за справување со горештините
Таг:агенцијавработувањемеркиработен однос
Претходен напис Фон дер Лајен: Не смее да има проблем во земјоделскиот сектор во Европа
Следен напис Следува сончево и топло време, со свежи утра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?