Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Направете си сами сушени домати со зачини, кои можат да стојат од 8 до 12 месеци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Направете си сами сушени домати со зачини, кои можат да стојат од 8 до 12 месеци
Магазин

Направете си сами сушени домати со зачини, кои можат да стојат од 8 до 12 месеци

Објавено 23/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
The process of cooking dried tomatoes.Vegetables with spices and garlic in the oven on trays on three levels.
Сподели
Ad imageAd image

Потребни се  пет килограми домати кои треба да се измијат и да се избришат. Отстранете ги стебленцата. Исечете го доматот на половина, извадете го семето, а потоа половината од доматот исечете ја на парчиња дебели од 1 до 1,5 сантиметар.

Сушените домати можете да ги користите во подготовка на повеќе јадења како што се чорби, салати, пици, сосови, но и со печења како и со многу други јадења.

Освен за сопствени потреби,  оваа зимница е добар начин како производителите  да го зголемат асортиманот на преработени производи кои ги продаваат и добар пример како да им се даде дополнителна вредност на доматите, особено ако се пакуваат во мали, атрактивни теглички. Треба да се напомене дека доматот е еден од ретките  производи кој со преработката не ги губи нутритивните вредности.

Се сушат од 6 до 24 часа

Загрејте ја рерната на 65°C. На тава ставете хартија за печење и на неа наредете ги доматите, но внимавајте парчињата да не се допираат.

По желба доматите посолете ги или додадете некој зачин.  Најдобро одговараат со босилек и оригано, но може и лук.

Ставете ја тавата со доматите во рерна и печете ги,  или подобро кажано сушете ги од 6 до 24 часа. Должината на сушењето зависи од сортата, големината и количеството на влага. Така, да речеме, индустриските домати ќе се исушат побрзо бидејќи имаат помал удел на вода, додека на доматите „воловско срце“ ќе им треба повеќе време  за да се исушат.

Контролирајте ја температурата и по потреба малку зголемете ја или намалете ја. Одвреме навреме вртете ги доматите за да се сушат од двете страни.

Чувајте ги во фрижидер, замрзнувач или шпајз

Доматите  се готови кога ќе добијат темно црвена боја. Треба да се внимава бидејќи не смеат да бидат  премногу тврди или крцкави. Ако забележите дека се уште се лепливи и влажни, продолжете со  сушење.

Кога се готови, оставете да се изладат, па потоа ставете ги во ќесички, пластични садови или тегли.

Вака подготвените домати во фрижидер  можат да се чуваат  две-три недели, а во замрзнувач можат да стојат од 8 до 12 месеци.

Ако ги оставите во замрзнувач, немојте  да ставате големи количини  во ќесичката или во садот бидејќи ќе ви биде тешко да ги разделите.

Сушените домати можете и да ги полиете со масло (најдобро маслиново), со додаток на листови босилек и чешниња лук. Вака подготвените домати можат да се чуваат долго време во тегла, на темно и студено место бидејќи маслото и солта се конзерванси кои ќе ги штитат од расипување.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:зимницасушени домати
Претходен напис Компанијата „Киeл“ ќе гради фабрика и во ТИРЗ Тетово
Следен напис Поевтинуваат бензините, цената на дизелот не се менува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?