Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела
Агровести

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

Објавено 15/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги, во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули, спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела.

Во овој период мобилните царински тимови запленија околу 100 илјади евра девизи, 455 штеки цигари, a откриени се и 27 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се над 26 илјадипарчиња стока со потпис на заштитени трговски марки. Во борбата со сериозен криминал, меѓу најзначајните случаи е заплената на 188,6 килограми марихуана – заедничка акција со царинските службеници на граничен премин Богородица. Воедно, на влез во државата мобилните царински тимови спречиja обиди за криумчарење на 21 илегален мигрант.

Само во текот на изминатите денови, при контроли на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 4 запленети се над 600 парчиња облека која не била пријавена со царинските документи. Воедно, при контроли на граничен премин Богородица, запленети се 27 штеки цигари без акцизни маркички, скриени во резервна гума на автомобил. Претходно, мобилен царински тим спречи обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, како и обид за криумчарење на златен накит вреден 1,3 милиони денари.

Царинската управа истакнува дека мобилните тимови остануваат еден од клучните механизми за заштита на финансиските интереси и безбедноста на државата.

- Реклама -
Ad image

Царинската управа

Може да ви се допадне

Серафимовски на берба на маслинки: Слика што би сакал почесто да ја гледаме и во други краеви на Македонија
Како Швајцарците од волната од овци прават изолација за куќите
Доцни сеидбата на житните култури во Штипскиот Регион
Дурмиши: Младите треба да добијат вистинска шанса за прво вработување, практично искуство и професионален развој
До 20 октомври повратот на ДДВ е 517,7 милиони евра, наплатата на даноците со раст од 11,5 отсто, највисоката плата лани 139,1 милиони денари
Таг:запленикривични делаМобилните царински тимовипрекршочни
Претходен напис Мицкоски: Нема да толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите
Следен напис Во јуни издадени 213 одобренија за градење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?