Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младите земјоделци во фокусот на ЕУ: Најдобри мерки и милионски фондови за нив
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Младите земјоделци во фокусот на ЕУ: Најдобри мерки и милионски фондови за нив
АгровестиФондови

Младите земјоделци во фокусот на ЕУ: Најдобри мерки и милионски фондови за нив

Последна измена: 22/10/2023 12:52
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Битката за европски аграр треба да ја водат МЛАДИТЕ!

Тие се во фокусот, најмногу пари, најголема важност се дава токму за нив. Унијата преку мерките кои ги носи ги повикува младите земјоделци да се вклучат во агросекторот!

Ова беше неколку пати потенцирано на средбите во Европската Комисија за Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој и беа пофалени нашите мерки кои ги имаме за младите земјоделци. Охрабрувањето беше во таа насока, продолжете да работите, усогласувајте ја вашата аграрна политика со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Посочија дека се менува и нивната политика која во иднина повеќе акцент ќе стави на учинокот, односно на ефектот од мерките.

Се спомнаа неколку фондови, како 220 милиони евра годишно за „Учебна година“, тоа е нашата Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје, како и 900 милиони евра годишно кои се одвојуваат за поддршка на секторот овошје и зеленчук.

Всушност секој сектор има висока поддршка која се димензионира во зависност од целта што сака да се постигне. Дали се работи за поддршка поради климатски промени, за зголемен извоз или пак поддршка за да се одржи производството.

Најновата програма која стартуваше од 1 јануари 2023 година подразбира буџетска рамка за период од 2023 – 2027 година. Станува збор за распределба на 270 милијарди евра од земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 година. Според Комисијата, 34 милијарди евра се наменети исклучиво за еколошки и климатски цели и нови еко-шеми.

Едно е јасно – ЕУ нуди сигурност на земјоделците и нивното производство, поддршка на младите, рурален развој и се’ она што праќа јасна порака – Вие само произведувајте, има кој се грижи за вас!

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години
Самит Македонија 2025: Изнаоѓање решенија за економски конкурентна држава која ќе биде дел од Европа
Во Новаци јавна расправа за експлоатација на јаглен за РЕК Битола од наоѓалиштето во Живојно 
Брисел: Конференција – „Осигурување и пристап до финансии за отпорност и адаптација на земјоделството во ЕУ“
Состојба на патиштата
Таг:еуефектземјоделциипардМзшвфондови
Претходен напис ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Следен напис МЗШВ: Во тек е јавен повик за набавка на педигриран добиток, краен рок за аплицирање – 16.11.2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?