Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Матурантот Бесар Исмаили, пример за млад земјоделец: Првокласни јагоди во насадот, а на училиште сите петки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Матурантот Бесар Исмаили, пример за млад земјоделец: Првокласни јагоди во насадот, а на училиште сите петки
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Матурантот Бесар Исмаили, пример за млад земјоделец: Првокласни јагоди во насадот, а на училиште сите петки

Објавено 28/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во село Чифлик, Општина Сопиште живее семејството Исмаили кои обработуваат 10 хектари под јагоди, домати, компири, а имаат и насад со цреши.

Малку е да се каже дека се вредни, сликите зборуваат за тоа, но вниманието ни го привлече скромниот матурант, Бесар, кој со мерак работи на нивите, особено кај јагодите, а на училиште реди петки.

-Кога сум втора смена во училиште, прво рано сабајле доаѓам кај јагодите, а после се вклучувам на онлајн настава. Просекот ми е 5.00. Ја сакам и струката која ја учев, сообраќаен техничар, но многу го сакам и земјоделското производство – вели за Агротим Бесар.

Во работата се вклучени целото семејство, и произведуваат различни култури. За јагодите вели дека не се тешки за производство но мора да се биде внимателен и секојдневно да се биде во насадот.

-За да произведеш вакви убави и квалитетни јагоди, мора да се вложи многу работа и тоа секојдневно. Имаме систем капка по капка и тоа е многу важно за ова производство, мора наводнување. Исто така и прихрана и заштита, за да се извади ваков квалитет кој нема проблем за пласман – вели Бесар.

Во производството користат покривка од слама која има двојна улога, штити од мраз во текот на зимата, а потоа овозможува да нема кал и да бидат јагодите чисти.

За цена и пласман вели дека е добро, задоволни се. Скоро секоја година јагодите ги продаваат на трговец од нивното село кој ги пласира на косовскиот пазар.

-Годинава цената е 100 денари за ваков квалитет и добро е, не се жалиме. Ако работиш, се исплати. Секако ќе продолжам и натаму да се занимавам со земјоделство оти го сакам и го работам со мерак а ќе продолжам и на факултет – заклучува Бесар и додава, да не заборавиме да го спомниме неговото братче кое има само 6 години но работи на јагодите како вистински земјоделец.

Секоја чест, наши млади земјоделци!

Може да ви се допадне

Пораз за аграрна Македонија: Во земјоделското училиште во Битола се запишале само три деца!
Ледена лимонада со јагоди
(РЕЦЕПТ) Слатко од јагоди – традиционален рецепт
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Пролетна нега на јагодите за здрави растенија и богат род
Таг:земјоделецјагодиучилиште
Претходен напис Се интензивира руралниот развој на Долно Лисиче
Следен напис Македонија домаќин на десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?