Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младиот агроном Никола Ристов, кој е оптимист дека за земјоделството во Македонија доаѓаат убави времиња, ни открива како ја прави својата домашна ракија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Младиот агроном Никола Ристов, кој е оптимист дека за земјоделството во Македонија доаѓаат убави времиња, ни открива како ја прави својата домашна ракија
Магазин

Младиот агроном Никола Ристов, кој е оптимист дека за земјоделството во Македонија доаѓаат убави времиња, ни открива како ја прави својата домашна ракија

Објавено 17/11/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Никола Ристов од Свети Николе, дипломиран инженер – aгроном и млад човек, својата иднина ја гледа во Македонија. Тврди дека младите ќе почнат да ги менуваат работите и дека ќе тргнат кон подобра иднина, а смета дека нашите извонредни услови за производство на квалитетно грозје и вино мора да ги искористиме. Четири години работи во компанија која гради успешна приказна во Македонија, а и надвор од земјата. И самиот поседува лозов насад, околу три декари, кој ги задоволува неговите потреби за производство на ракија.

„Сите можеме да креираме и да создаваме овде. Сведоци сме дека во изминатиов период се соочуваме со проблеми во земјоделството, но сепак сум уверен дека ни доаѓаат убави времиња. Само со малку труд и едукација верувам дека ќе направиме голем бум на светските пазари со нашето вино и ракија – оптимист е младиот Никола.

Никола објаснува како започнува процесот на создавање на ракијата:

„Кај нас најголем дел од ракијата е лозова, по која сме и доста познати. Целиот процес за производство на овој магичен еликсир е макотрпен. Почнувајќи од кроење на виновата лоза, која традиционално започнува на денот на заштитникот на лозарите, Свети Трифун, па сè до фенолошката фаза – полна зрелост на грозјето. Кога грозјето ќе ја достигне зрелоста, следува бербата. Потоа следува мелење на грозјето. Квалитетот на ракијата зависи од опремата и садовите во кои се чува и бара високо ниво на хигена. Смеленото грозје се става во садови каде што треба да се одвива ферментацијата. Од времето на постарите е останато дека ферментацијата на грозјето завршува за 21 ден. Во текот на ферментацијата препорачливо е да се меша комињето секој ден за подобро да се изврши ферментацијата, а и со тоа да не дојде до скиснување на комињето. После 21 ден комињето е спремно за варење. Но сепак, процесот на ферментација зависи и од дневните температури; ако има постудени денови самиот процес може и да се продолжи.“, вели Никола.

Никола кој завршил земјоделски факултет, е среќен што може да го примени своето знаење. Сам се грижи за целиот насад, почнувајќи од процесот на кроење, заштитата на лозите од напад, па сè до самиот крај, до бербата.

„По завршувањето на ферментацијата, следува еден од најслатките делови од овој процес, а тоа е печењето на ракијата. За да добиеме квалитена ракија, треба да внимаваме на хигената на садовите, која е исклучително важна. Печењето се врши во бакарни казани. Процесот почнува со заложување на казанот. Имаме различни големини на казаните, од 80 литри па нагоре. По заложувањето на казанот следува премачкување на поклопецот, кој во поголем дел се прави од сточна храна, крма. Ова се прави за да не дојде до дишење, односно испушатење на алкохолот од самиот казан. Еден од најважните факти е јачината на огнот во казанот, кој не треба да биде премногу силен за да не дојде до брзо зовривање на комињето и до загорување на долниот дел на казанот. Целиот процес на варење на ракијата се прави со константен и не многу силен оган. Цевките од поклопецот поминуваат низ ладна вода, која пареата ја претвора во ракија. Садот пак, каде што поминуваат цевките низ водата, треба постојано да биде студен и низ него постојано да протекува студена вода за да не дојде до загревање на водата. Течењето на ракијата од самите цевки на казанот не треба да биде многу силно. На излезот од казанот течењето на ракијата од цевките треба да биде како конец. Силината на ракијата си ја одредува секој индивидуално по свој вкус, од 40 до 60 проценти алкохол. Лично јас ја вадам на 49 проценти алкохол. Инаку, поборник сум против хемијата, со додавање на хемија го губиме вистинскиот квалитет на ракијата. И заштитата на самото грозје го сведувам на минимално ниво. Претпочитувам што помалку прскања на виновата лоза, која зависи од времеските услови и развивањето на болестите во текот на годината.“, го објаснува Никола процесот.

Освен квалитетно грозје, Никола на шега вели дека за да имаме квалитена ракија треба да имаме и добро друштво за варење:

„Кај нас има посебна традиција која останала уште од многу одамна, кога се вари ракија покрај казанот се случува и дружење со пријателите и несомнено има позитивен ефект.

Никола вели дека во секоја домашна ракија има некоја „магија“.

„Сепак ќе кажам дека си има некоја магија. Мене магијата ми ја пренесе дедо Столе, дедо на еден мој другар. Како и секој добар мајстор за печење ракија, дедо Столе ми напомена дека тоа што ми го кажал не треба да го споделувам со други, ако го кажам тоа веќе не е тајна и се губи магијата на ракијата“, вели Никола.

Извор: espreso.mk

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:никола ристовракија
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер
Следен напис (Видео) Бел тартуф, тежок 830 грама, продаден за 103.000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?