Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде насочена кон сопствените производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Интервју > (ВИДЕО) М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде насочена кон сопствените производи
Интервју

(ВИДЕО) М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде насочена кон сопствените производи

Објавено 13/12/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во третата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески разговара со м-р Митко Јанчев, претставник на помладата генерација бизнисмени, но уште подобар градоначалник, кој успешно успева да направи спој помеѓу бизнисот, функцијата градоначалник и политичкиот ангажман.

Во разговорот со м-р Митко Јанчев, сопственик и управител на ДПТУ „Кожувчанка“ од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија, и бизнисмен со нагласено чувство за општествена одговорност, се изнесуваат факти за потребата од поставување стратешки цели од страна на државата за развој на бизнисот, како и за потребата од квалитетна инфраструктура, која ја гледа преку развој на железничкиот сообраќај.

„Државата треба да постави стратешки цели во производството за развој на бизнисот, да ги користи сопствените производи и да биде помалку зависна од увозот, а повеќе ориентирана кои извозот. Не е здраво и продуктивно, министерствата на тендерите да користат странски производи и услуги наместо наши, бидејќи се тоа наши пари. Со целосна зависност од увозот наместо од сопствените производи доаѓа до колапс на БДП-то во државата, намалување на ликвидноста и намалување на девизниот прилив“, истакна градоначалникот и бизнисмен м-р Јанчев.

М-р Митко Јанчев дипломирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип со звање инженер геолог, а магистерските студии ги завршил на отсекот за технички науки, петрологија, минералогија и геохемија на истиот факултет. На 23-годишна возраст ја презел функцијата управител на компанијата по ненадејната смрт на неговиот татко, основач на компанијата, а денес успехот на компанијата се темели на новите стандарди што ги вовел во раководењето, што го привлекла и светски познатиот бренд „Синалко“ од Германија.

Во разговорот со претседателот Азески м-р Јанчев ја истакнува важноста од постоење добра инфраструктура, која е основа за развој на бизнисот во државата, како и важноста на Стопанската комора во градењето на неговата личност како бизнисмен.

„Државата треба да се насочи кон инфраструктурата, особено кон развој на железничкиот сообраќај, што ќе придонесе да се намалат цените на трошоците на компаниите кои на дневна основа увезуваат репроматеријали од Солунското пристаниште, а со тоа ќе се добијат поконкурентни цени на пазарите на земјите од ’Отворен Балкан’ и на земјите од ЕУ. Така ќе им се помогне на компаниите кои гравитираат на реонот на Општина Кавадарци (ИГМ Кавадарци, Голден никел, Дрекслер Маер), а кои се извозно ориентирани“, потенцираше м-р Јанчев.

Комората ја доживува како дел од компанијата преку која ја градел својата личност како бизнисмен и преку која ја правел целата промоција на компанијата. Бил член на Управниот одбор на Стопанската комора и претседател на Регионалната комора во Кавадарци.

„Членството во Стопанската комора ми даде за право да имам храброст да се дружам со авторитетни луѓе, кои раководат со големи и успешни компании, на чело со Вас како претседател, да седам со нив на иста маса, да го извлечам позитивното и да учам од нив“, истакна м-р Митко Јанчев.

Од 2017 година м-р Митко Јанчев е градоначалник на Општина Кавадарци, успешно ја води Општината и дава поддршка за многу спортски, културни и уметнички настани, но и во делот на образованието, помагајќи со разни средства и донации. Токму поради тоа Јанчев е првиот градоначалник во историјата на Југоисточна Европа кој е добитник на престижното признание Личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата на Балканот.

Може да ви се допадне

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
Основање на Кинеско – македонска стопанска комора
Вицепремиерот Сали на средба со членовите на УО на СКСМ и Бизнис клубот Европа: Искористеноста на ЕУ фондовите за развој на бизнис секторот
Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
Димитриеска-Кочоска на средба со Стопанската комора: Заедно со реалниот сектор ги констатираме актуелните состојби со цел навремено да реагираме
Таг:кожувчанкамитко јанчевстопанска комора
Претходен напис ДИЗ: Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, една компанија откупува по 400 денари
Следен напис Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?