Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министрите за земјоделство од ЈИЕ потпишаа Коминике за заштита на почвите во Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министрите за земјоделство од ЈИЕ потпишаа Коминике за заштита на почвите во Западен Балкан
Агровести

Министрите за земјоделство од ЈИЕ потпишаа Коминике за заштита на почвите во Западен Балкан

Објавено 15/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска, во рамки на 16. работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа што се одржува во Будва, Црна Гора, потпишал Коминике со своите колеги од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Целта на Коминикето, како што наведува Николовски на својот фејсбук-профил, е да се создаде регионална платформа за размена на информации и градење заеднички политики за заштита на почвите во Западен Балкан.

-Заеднички ќе работиме на идентификација на деградацијата на почвата во регионот преку нејзино мониторирање, за потоа да се креираат политики насочени кон одржливо управување со почвата, размена на прекугранично практично искуство, развој на јавни бази на податоци и платформи на знаење.
Со ова заеднички придонесуваме за подобрување на продуктивноста и обезбедување екосистемски услуги, здрава и достапна храна, пристап до водни ресурси, а со тоа и заштита на биолошката разновидност и адаптација кон климатските промени, наведува Николовски.

Домаќини на 16. годишен работен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора и Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Како клучни теми на состанокот се најавени перспективите во земјоделството и руралниот развој, но треба да се разгледаат и процесот на регионална соработка во агро секторот, како и значењето на евроинтеграцијата за земјите од Западен Балкан.

Предвидено е министрите да елаборираат за имплементација на ИПАРД програмата во земјите на Западен Балкан и за важноста на слободната трговија и обврските и мерките за слободно движење на земјоделските стоки, снабдувањето и резервите, со оглед на тековните геополитички случувања и влијанието на војната во Украина.

Оваа година во ноември Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора го презема претседателствувањето со Собранието на СВГ за следната годината и се стреми кон регионална соработка и интеграција во областа на земјоделството и руралниот развој на целиот регион на Западен Балкан.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:коминике
Претходен напис (ВИДЕО) Како се чуваат јаболка под снег? – „Снежна“ техника на берба и складирање јаболка
Следен напис Зголемено производството на шумски производи, продажбата намалена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?