Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед“
Агровести

Министерот Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед“

Објавено 08/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Битола им додели на осум пчелари решенија за упис во Регистарот на корисници на географски ознаки за заштитената географска ознака „Мариовски мед“. Решенијата беа врачени на отворањето на 29. манифестација „Денови на македонското пчеларство“, во организација на Пчеларското здружение „Нектар“.

-Зад овој резултат стојат околу десет години работа и истрајност на пчеларите во заштитата на географското потекло на мариовскиот мед. Ова е важен чекор за пчеларите од Мариово, кои со својот труд го градат угледот на овој производ и покажуваат како локалното производство може да добие поголема вредност и препознатливост, истакна Серафимовски.

Тој посочи дека географската ознака ја потврдува врската на медот со неговото потекло и го штити називот од злоупотреба, истовремено создавајќи основа за подобра промоција и посилна пазарна позиција на производителите, а на потрошувачите им обезбедува појасна информација за производот и поголема доверба при изборот.

-Користењето на ознаката е поврзано со исполнување утврдени услови и со проверка на соодветноста на производството со одобрениот елаборат. Заедно со правото да се користи заштитениот назив, доаѓа и одговорноста да се зачуваат неговите посебни карактеристики, рече министерот Серафимовски.

Тој додаде дека препознатливото потекло на мариовскиот мед отвора можности за дополнителен приход преку атрактивно пакување, соработка со угостителството и поврзување со понудата на руралниот туризам.

-Како ресорно Министерство, нашата задача е да им помогнеме на производителите да ја препознаат и заштитат вредноста на нашите домашни, македонски производи и да ги претстават пред потрошувачите, порача Серафимовски. 

МЗШВ

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста, туку е навремена реакција за заштита на граѓаните
Усвоени регионалните планови за заштита на биолошката разновидност и обнова на екосистемите на Западен Балкан до 2030 година
Раниот есенски мраз ризик за земјоделството – да се соберат дозреаните плодови на отворено и навреме да се преземат превентивни мерки
Сточарско семејство во болка се прости од овците: „28 години гледано со срце и душа… денеска им пресудија“
Активни пожари кај Дебар, Липково, Чашка
Таг:Мариовски медосум решенијаСерафимовски
Претходен напис Променливо облачно и дождливо време од утре, во недела локално невреме
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста, туку е навремена реакција за заштита на граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?