Министерот Љупчо Николовски во просториите на Министерството за земјоделство денеска се сретна со младите студенти од Факултетот за земјоделство и храна (ФЗХН).

„Утрово гости во Министерството ни беа млади, драги студенти од Факултетот за земјоделство и храна. Ги запознавме со работата и функционирањето на МЗШВ, со нашите секојдневни тековни обврски. Вие, млади сте моторот и двигателот на нашата држава.

Наша цел е да вложуваме, и инвестираме во вашата иднина, да создаваме услови да останете дома, во своите родни краишта, и со вашето знаење, иновативност и ентузијазам да придонесувате за развојот на нашата земја.
Градете го светот каков што сакате да го видите, а нашата поддршка ќе ја имате секогаш!“, напиша министерот на својот фејсбук-профил.

