Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски на отворање на „Агро Белград 2022“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски на отворање на „Агро Белград 2022“
Агровести

Министерот Николовски на отворање на „Агро Белград 2022“

Објавено 27/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствува на отворање на специјализиран саемско-конференциски настан посветен на овоштарството, лозарството и градинарството „Агро Белград 2022″.

На саемот има македонски штанд, финансиски поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнатсво.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, третиот Меѓународен саем за овошје, зеленчук и лозарство „Агро Белград“, ќе го отвори српскиот ресорен министер Бранислав Недимовиќ.

„Агро Белград” ќе се одржи на Белградскиот саем од 27 до 29 јануари и на него ќе се претстават 500 изложувачи од Србија и светот и пет делегации на високо ниво, а ќе бидат организирани и бројни стручни собири. Меѓу излагачите има и компании од Италија, Шпанија, Холандија, Швајцарија и Германија.

Во текот на трите дена од настанот, ќе се организираат стручни конференции и состаноци на кои, меѓу другото, ќе се разговара за стандардите во производството на овошје и зеленчук, иднината на производството на бобинки, транспорт на овошје и зеленчук во контејнери за ладење, револвинг фондовите за финансирање, прецизното наводнување, модернизација на винарството, производство и преработка на лековити и ароматични растенија во Србија.

За време на саемот ќе се организираат и средби на странски и српски купувачи со производители на овошје и зеленчук во свежа, замрзната и преработена состојба, а ќе бидат претставени и најсовремените технички достигнувања, каде што ќе може да се видат водечките светски брендови на трактори и механизација, системи за наводнување и противградни системи, беспилотни летала и друга современа опрема.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Претходен напис Времето денеска облачно и малку потопло
Следен напис Здружението„Тиквешки лозароовоштари” бара отштета за над 1.300 земјоделци поради летната суша
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?