Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Министерот Љупчо Николовски се сретна со заинтересираните за грантови за мали семејни винарии и дестилерии


Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска беше на средба со заинтересирани лица за грантови за мали семејни винарии и дестилери. На иницијатива на Министерството за земјоделство, во соработка со Здружението ,,Тиквешки семејни винарии” и претставници на ,,Македонски дестилерии”, во Неготино се одржа средба, на која присутните можеа да слушнат околу грантовите што можат да ги добијат за унапредување на своето производство. Деновиве беше објавен вториот повик за поддршка на мали семејни винарии. На средбата беа истакнати позитивните резултати од првиот ваков повик минатата година.

Јавен повик за финансиска поддршка на мали производители на вино и алкохолни пијалаци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство се осврна на поддршката што секогаш се дава во изминатиот период.
– Имавме интензивни разговори во 2022 година во делот на целиот модел на субвенционирање на сите програми, а многу време се потроши и на новите програми, додаде тој.

Николовски потсети на поддршката за заживување на програмата за стартап мали семејни бутик винарии, мали производители на вино, програма што даде одлични резултати.

– Тоа беше мотив за да се продолжи и да се работи на програмата за дестилерии и да се работи на она што денеска е актуелно, програмата за мали производители на храна. Волјата за поддршка ја покажуваме со овие нови програми. Нашиот фокус е да се поддржат малите производители. Сите нови програми ќе се тестираат и ќе се менуваат во наредниот период и ќе прераснат во системски мерки и политики. Успехот што беше со поттикнувањето на малите семејни винарии даде поттик за нови поддршки, нагласи министерот.

Мар 9, 2023agrotim3
Турската влада ја укина забраната за извоз на доматиБачовски: Ајвар, лутеница, малиџано и кечап се производите кои со регистрирањето како мал производител во АХВ ќе може легално да се продаваат

Напишете коментар Откажи одговор

09/03/2023 Агровеститиквешки семејни винарии37

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019