На денешниот Министерски состанок за реставрација на шумските предели и Бонскиот предизвик во Источна и Југоисточна Европа, министерот Хоџа ја прифати Декларацијата за зголемување на шумската покривка во Република Северна Македонија.
Министерскиот состанок беше организиран од Економската комисија на Обединетите Нации за Европа (UNECE), Организацијата за храна на Обединетите Нации (ФАО) во соработка со Интернационалната Унија за зачувување на природата (IUCN) и со финансиска поддршка од Владата на Република Германија.
Ова е прва можност за усогласување на Бонскиот предизвик кој претставува глобална заложба до 2030 година да се реставрираат 350 милиони хектари деградирано земјиште, како и регионалната иницијатива за Европа и Централна Азија (ECCA30) со цел за реставрација на 30 милиони хектари на шуми и предели до 2030 година, во кои е вклучена и Република Северна Македонија.
Министерот Хоџа ја прифати Декларацијата за зголемување на шумската покривка во земјава
Остави коментар
Остави коментар
