Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа го честиташе Денот на шумската полиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Хоџа го честиташе Денот на шумската полиција
Агровести

Министерот Хоџа го честиташе Денот на шумската полиција

Објавено 01/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и раководителката на Секторот за Шумска полиција, Аница Симонова упатуваат честитка до сите овластени службени лица – шумски полицајци по повод Денот на Шумската полиција.

„На овој ден, го потенцираме значењето на работата на шумските полицајци и максималните напори кои ги вложуваат во борбата за сузбивање на бесправната сеча на дрва и зачувување на шумите и шумскиот биодиверзитет. Се борат против организирани криминални групи на дрвокрадци кои ги пустошат шумите, а штетите кои тие ги прават не се мерат преку изречените казни, затоа што секое исечено дрво, влијае на многу генерации после нас. Убедени сме дека тие ќе продолжат да ги чуваат нашите шуми, со што прават едно поголемо добро за сите нас и за сите идни генерации. А ние како Влада и надлежно Министертсво ќе продолжиме да го јакнеме овој сектор кој е од исклучително значење за контролите на дивата сеча и за зачувување на природните ресурси. По 12 години Шумската полиција оваа година доби нови униформи и чизми. Го потпишавме Колективниот договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во Шумската полиција и за првпат го регулиравме правото за добивање додаток на плата од 30%. Убедени сме дека сето ова дополнително ќе ги мотивира шумските полицајци кои континуирано се на висина на задачата. Се гордееме и благодарни сме и на нивниот придонес во гаснењето на шумските пожари кои избувнаа ова лето. Со сета наша почит, ви го честитаме Денот на шумската полиција!“, рече министерот Хоџа.

May be an image of 3 people and people standing
May be an image of 2 people and people standing
May be an image of outdoors and tree
May be an image of outdoors

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:шумска полиција
Претходен напис (Видео) Дали сте пробале ЏЕМ ОД ПИПЕРКИ? Се подготвува за помалку од половина час
Следен напис Водостоите на реките под просекот за октомври
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?