Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Димковски и директорот на УХМР Тодоровски во посета на Радарскиот центар – Ѓуриште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Димковски и директорот на УХМР Тодоровски во посета на Радарскиот центар – Ѓуриште
Агровести

Министерот Димковски и директорот на УХМР Тодоровски во посета на Радарскиот центар – Ѓуриште

Последна измена: 10/06/2020 11:54
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски денеска во Ѓуриште, Свети Николе, ќе го посетат Радарскиот центар.

Димковски и Тодоровски воедно ќе информираат за преземените мерки за заштита од град во изминатите денови.

На 18 мај годинава Управата за хидрометеоролошки работи го потпиша договорот за јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување” со што почна заштитата од град со авионско засејување на облаците. На спортскиот аеродром Стенковец тој ден беше изведен и првиот пробен лет на авионите што ќе вршат засејување на облаците.

Досега УХМР неколку пати го употреби новиот метод за заштита од град со авионско засејување на облаците.

Поправката и надградбата на радaрскиот центар Ѓуриште за што беа обезбедени три милиони денари и на кои работеше тим од Русија, се реализира пред две години. Инсталирани беа нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на антената, како и најновата верзија на софтверскиот пакет, а се изврши и целосна калибрација на радарскиот систем. Со тоа на земјодолците им е овозможено навреме да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди.

Поради застареност на радарски систем – Ѓуриште, од 2014 година се јавуваа чести прекини во функционирањето, а потоа системот беше во целосен прекин.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) „Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран
Топлотен бран во Европа: Климатските промени тројно го зголемија бројот на жртви
Трипуновски: За скоро ќе ја истакнеме производната цена на винското грозје
Пожар во Визбегово, скопските пожарникари интервенираат со четири возила
Таг:ЃуриштеИвица ТодоровскиТрајан Димковскиухмр
Претходен напис Дождот ги спасува европските приноси на пченица?
Следен напис Изготвени се листите: Проверете дали сте на список за користење на платежна картичка
1 коментар 1 коментар
  • Sitnovska Slavica напиша:
    на 10/06/2020 г. во 22:15 часот

    Toa e naseto zemjodelie nema kraj

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?