Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дождот ги спасува европските приноси на пченица?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дождот ги спасува европските приноси на пченица?
Агровести

Дождот ги спасува европските приноси на пченица?

Последна измена: 10/06/2020 09:01
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

 Дождот минатата недела им донесе олеснување на сушните области во Европа, но сè уште е потребна поголема влажност за да приносите  што ќе се ожнеат во текот на летото да не бидат драстично помали во однос на минатата година.

 Земјоделското производство зависи многу од временските услови и климатските услови, а со тоа овој сектор е еден од најранливите. Сушата во текот на пролетта ги зголеми веќе постоечките проблеми кога станува збор за европската пченица, која најпрво претрпи штети предизвикани од влажната есен и зима, што влијаеше врз сеидбата.

 Оваа година сушата предизвика проблеми во многу европски земји, кои ќе имаат пониски приноси на земјоделските култури. Сепак, дождот донесе олеснување на нашиот континент минатата недела во сушните области, но сè уште е потребна поголема влага, за да  жетвата не биде драстично намалена во однос на минатата година, предупредуваат аналитичарите.

ЕК ја намали прогнозата околу очекуваните приноси за 4 милиони тони пченица „Ние се движиме кон најнизок принос на пченицата во последните децении во Европа“, рече консултантот Себастијан Понселет, додавајќи дека овој дожд може барем донекаде да ја стабилизира ситуацијата.

Минатата недела Европската комисија ги намали месечните прогнози за очекуваните приноси на  житните култури, освен во Велика Британија. Имено, тие веруваат дека ќе достигнат 121,5 милиони тони, што е околу 7% помалку од лани.

Франција: Пченицата во длабоките почви добро се држи.

 Поројниот дожд пристигна во Франција кон средината на минатата недела, но имаше и невреме што го прекина топлото време, а метеоролозите предвидуваат поголем дожд за оваа недела. Ова треба да им помогне на земјоделските култури, за кои канцеларијата за  земјоделство  FranceAgriMer, процени дека се во најлоша состојба од 2011 година па наваму. „Ќе имаме исклучително разновидни приноси“, рече Франсоа Лоран, директор за истражување и развој на земјоделскиот институт Арвалс, додавајќи дека оваа житна култура добро се држи во длабоките почви. Многу трговци во земјата очекуваат принос од 32 до 33 милиони тони, во споредба со 39,5 милилони тони од минатата година.

Германија би можела да достигне просечен принос

 Дождот би требало да му помогне на сушниот северен и источен дел на Германија. „Сликата значително се подобри оваа недела и дождот ќе биде корисен, но потребни се повеќе врнежи од дожд, особено на исток“, рече еден германски аналитичар.

 Беше спречена голема катастрофа со тоа што оваа недела имаше врнежи и Германија може да достигне просечни приноси доколку продолжи врнежливото  време. Имено, приносот на пченицата во Германија може да се намали за 2,9% оваа година и тоа  на 22,38 милиони тони, предвидуваше Здружението на земјоделски задруги во мај. Но, според некои предвидувања се пресвидуваат и 21,8 милиони тони.

 Полска: се очекуваат  приноси слични на минатата година

„Во Полска неодамнешните дождови ја подобрија состојбата со земјоделските култури“, рече Војтек Сабарански од Спаркс Полска.  „Првата половина на јуни веројатно ќе биде прилично дождлива, така што ќе има повеќе подобрувања“, истакна тој. Се проценува дека оваа земја  ќе произведе околу 11,1 милиони тони пченица оваа година.

Во Велика Британија заврна помалку дожд  отколку во остатокот на Европа

 Велика Британија имаше помалку врнежи на дожд оваа недела за разлика од  континентална Европа, а треба многу повеќе за да се спречи понатамошно уништување  на земјоделските култури. Ричард Кинг, шеф на истражување во консултантската фирма Андерсон центар, посочува дека годинашниот род на пченица во оваа земја би можел да падне под 10 милиони тони, што е значителен пад во однос на  минатата сезона кога изнесуваше 16,3 милиони.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:европапомал принос на пченицапченицасуша
Претходен напис Претпладне сончево време, а попладне услови за локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер
Следен напис Министерот Димковски и директорот на УХМР Тодоровски во посета на Радарскиот центар – Ѓуриште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?