Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за предлогот на Стопанската комора на Македонија за намалување на празниците за работници смета дека стекнатите права треба да се почитуваат.
– Во принцип, мислам дека стекнатите работнички права треба да се почитуваат и тука немам никакви дилеми – истакна Мицкоски.
Инаку, вчера, Стопанската комора на Македонија на прес-конференција најави дека набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.
Според проектниот менаџер во Стопанската комора, Анета Димовска, предлогот не предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови. Веднаш реагираа и претставниците на синдикатите, кои се спротивставија на дадениот предлог, со кој би се намалиле празниците за работниците.
МИА
