Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“, ќе почне и транспортот на јаглен од Косово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“, ќе почне и транспортот на јаглен од Косово
Агровести

Мицкоски: Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“, ќе почне и транспортот на јаглен од Косово

Објавено 21/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“ за производство на електрична енергија, со раководството на АД ЕСМ е подготвен финансиски модел што ги опфаќа сите домашни енергетски капацитети, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Делчево.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ТЕЦ „Неготино“ ќе работи за производство на електрична енергија, Мицкоски посочи дека моделот ги опфаќа и блоковите во Битола, термоцентралата „Осломеј“ и хидроцентралите.

– Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“. Со раководството на АД ЕСМ, поранешно АД ЕЛЕМ, подготвивме финансиски модел што ги опфаќа ТЕЦ „Неготино“, блоковите во Битола, термоцентралата „Осломеј“ и хидроцентралите. Очекуваме поволни хидролошки услови во текот на зимата за загубите од зимскиот период да ги надоместиме напролет и во текот на годината – рече Мицкоски.

Нагласи дека при сегашната цена на мазутот, производствената цена во ТЕЦ „Неготино“ е значително пониска од берзанските цени во одредени денови.

- Реклама -
Ad image

– Со сегашната цена на мазутот на берзите, производствената цена во ТЕЦ „Неготино“ би се движела од 170 до 175 евра за мегават-час. Во одредени денови цените на берзите достигнуваат и од 400 до 500 евра за мегават-час. Економскиот модел предвидува АД ЕСМ да заработува во одредени периоди од годината и од денот за да ги покрие очекуваните загуби во декември и јануари – рече Мицкоски.

Оцени дека планот е остварлив и најави почеток на транспортот на јаглен од Косово.

– Планот е остварлив. Ќе почне и транспортот на јаглен од Косово. Имаме договор во наредните три години таму да ископаме три милиони тони јаглен и да го донесеме кај нас. Цената е многу пониска од цената на јагленот што во моментов се носи од другите соседни земји. Кога ќе се согледа целиот план, мислам дека сме на добар пат – истакна Мицкоски.

Премиерот денеска престојува во посета на Делчево, каде што заедно со министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за спорт Борко Ристовски изврши увид во градежните активности на Здравствениот дом „Гоце Делчев“ и на почетокот на градежните работи за реконструкција на градската спортска сала во Делчево. 

МИА

Може да ви се допадне

Сојузот на одгледувачи на овци предлага да ги чува и да се грижи за кравите од Крива Паланка
Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, камен-темелник се очекува кон крајот на летото 2027 година
Хакери упаднаа во системот за исплати на американските земјоделци
Прилепчанец лишен од слобода, вршел безправна сеча на огревни дрва
Министерство за финансии: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки
Таг:КосовоМицкоскиТЕЦ „Неготино“транспортот
Претходен напис Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, камен-темелник се очекува кон крајот на летото 2027 година
Следен напис Сојузот на одгледувачи на овци предлага да ги чува и да се грижи за кравите од Крива Паланка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?