Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места
Агровести

Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места

Објавено 25/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова е најголемата инвестиција досега во делот на обновливите извори на енергија во регионот. 500 милиони долари во парк на ветерници. Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден милион мегаватчасови, што е 20% од целокупното производство на електрична енергија. Ова инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања. Ваквиот почеток на мандатот со ваква инвестиција покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на странската инвестиција на „Alcazar Energy Partners“, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој.

Според Мицкоски, проектот е значаен со оглед дека ќе се зајакне енергетската независност.

-Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада ќе продолжиме да работиме со засилено темпо, кажа меѓу другото претседателот на Владата на промоцијата во Скопје.

-Планот го имаме, луѓето ги имаме и останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме. Јас сум од оние луѓе кои сакаат да видат конкретни дела, а не се потпира само на даден збор. Секој ден ќе работиме напорно, истакна Мицкоски, додавајќи дека со оглед на обемноста на самиот проект, се очекува изградбата да започне во втората половина од 2025 година.

За проектот нема специјални  закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.

„Alcazar Energy Partners“ е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владавработувањамицкоскипроект
Претходен напис Од домашно производство е 91.5 % од потрошената струја во април
Следен напис Министерот Трипуновски на средба со земјоделци во Новаци за откупната цена на пченицата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?