Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: 80 отсто од контролираните угостителски локали ќе бидат затворени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: 80 отсто од контролираните угостителски локали ќе бидат затворени
Агровести

Мицкоски: 80 отсто од контролираните угостителски локали ќе бидат затворени

Објавено 19/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Морам да бидам груб и да кажам, колку и да ми се налутат сопствениците, колку и да велат дека сум лош или дека Владата е лоша, повеќе од 80 отсто ќе бидат затворени и нема да вршат дејност зашто не ги исполнуваат минималните технички услови. Нема играње со овие работи“, рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Сител

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршил контрола во 60 до 70 локали, дури и во оние со важечки лиценци, но повеќето од половината не ги исполнувале минимално-техничките услови за работа. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Сител.

Тој рече дека повеќе од 80 отсто од тие локали ќе бидат затворени и дека се очекува инспекциските контроли да завршат за една до две недели по што точно ќе се знае кои локали се безбедни. „Тие што ќе продолжат да работат ќе значи дека сто проценти ги исполнуваат минимум пропишаните услови“, рече Мицкоски.  

Посочи дека разговарал со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и од него побарал итно да закаже управен одбор, да се проверат сите објекти што се под општинска надлежност, а комуналните инспектори да излезат на терен за да ги проверат настрешниците на објектите, терасите итн. 

„Морам да бидам груб и да кажам, колку и да ми се налутат сопствениците, колку и да велат дека сум лош или дека Владата е лоша, повеќе од 80 отсто ќе бидат затворени и нема да вршат дејност зашто не ги исполнуваат минималните технички услови. Нема играње со овие работи. ДПИ вложува надчовечки напори да направи контрола во сите локали, барови, поголеми, помали. Ќе се менуваат и законите, ова мора системски да се реши, но откако прво кривично ќе биде решен целиот случај, овој и уште неколку други“,рече Мицкоски.

Тој додаде дека многу сопственици рекле дека нема да ги отворат локалите бидејќи се свесни дека не ги исполнуваат условите.

„Во моментот низ цела држава фунцкинираат меѓу 50 и 60 објекти со дејност кабаре или диско клубови затворени или отворени, 22 се со лиценци, а повеќе од полвината не ги исполнуваат потребните технички услови. За да стекнете право на лиценца според законските измени од 2007 година треба да кажете дека се имате и никој нема потреба да провери“,  вели тој.

Потенцираше дека никој од одговорните за трагедијата во Кочани нема да биде поштеден. „Ќе има одговорност за секој што постапил незаконски, независно од која партија е, дали е Македонец, Албанец, муслиман или христијанин“, порача тој.

Извор – 360 степени

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:затворенилокалиМицкоски
Претходен напис Владата препорача утре неработен ден во Кочани
Следен напис Времето денеска ќе биде претежно сончево, благ раст на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?