Мали по површина, но густи шуми никнуваат низ Европа како дел од движењето насочено кон обновување на биолошката разновидност и борба против климатските промени. Според истражувањата, климатските промени би можеле да предизвикаат исчезнување на третина од растителните и животинските видови во рок од 50 години и претставуваат голема закана за глобалниот биодиверзитет.

„Минијатурни шуми“ или „Мијаваки шуми“, со големина на тениско игралиште, се засновани на работата на светски познатиот јапонски ботаничар и добитник на наградата Сина планета, Акира Мијаваки, кој е специјализиран за обновување на природната вегетација на деградирано земјиште. Мијаваки има засадено над илјада такви шуми низ Јапонија, Малезија и на други места. Овие шуми се базираат на засадување на 3 садници од автохтона сорта прилагодени на локалните услови на метар квадратен, кои стануваат самоодржливи по првите три години. Резултатот, според поборниците на методот се комплексни екосистеми совршено прилагодени на локалните услови кои го подобруваат биодиверзитетот, растат брзо и апсорбираат повеќе СО2.
