Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини, производите ќе поевтинат за над 10 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини, производите ќе поевтинат за над 10 отсто
Агровести

Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини, производите ќе поевтинат за над 10 отсто

Објавено 29/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“. Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Северна Македонија. Месната индустрија уште еднаш апелира Владата да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која, како што потсетува, беше активна до јуни 2022 година.
Во таков случај, веднаш може да дојде до поевтинување на месните преработки и за над 10 проценти.
Како што објаснуваат за МИА од Стопанската комора, месната индустрија не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија, нагласуваат, има осум отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а државава има 18 до 35 проценти во зависност од тарифниот број.
-Ја поздравуваме одлуката на Владата за фиксна цена на струјата и истовремено бараме да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која беше активна до јуни 2022 година. Целта за намалување на цените е заедничка – и на Владата и на граѓаните и на индустријата. Сите ќе бидат задоволни доколку намалувањето на цените на месните преработки бидe што поголемo, на пример над 10 проценти, што може да се случи веднаш ако се донесе одлука за ослободување од плаќање на царината на одредени тарифи на суровина за крајна употреба за овој кризен период, а за трајно решение да се прифати Предлог-законoт кој е доставен до Министерството за финансии и Владата, велат од Комората.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:месна индустрија
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер
Следен напис Неколку компании од прехранбената индустрија, иако побарале, нема да добиваат субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?