Компанијата „Везе Шари“ потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за остварување на меѓусебна размена на научни, стручни и апликативни мислења и практики од областа на прехранбената индустрија.

Оваа соработка ќе се остварува преку размена на научни и стручни искуства и знаења, подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на инженерско-техничкиот кадар, подготовка на заеднички проекти, анализи и проценка од областа на прехранбената индустрија, како и огранизирање и реализирање на стручни и научни конференции, семинари и тркалезни маси.
