Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕМО: Официјално започна тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕМО: Официјално започна тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија
Агровести

МЕМО: Официјално започна тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија

Објавено 26/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денес стартува тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија, како еден од клучните аспекти за успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар. 

Успешната имплементација на иницијативата на Одборот за организираниот пазар на електрична енергија на денешниот состанок беше поздравена. Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски истакна дека улогата на Одборот е од голема важност за унапредување на работата на пазарот ден однапред, воведување нови производи, модернизирање и следење на светските трендови во овој домен. 

„До сега тргувањето на домашната берза на електрична енергија се реализираше во денари. Од денес за сите 37 компании кои тргуваат на пазарот ден однапред се воведува еврото како валута. На тој начин се отвора патот за пазарно спојување познато како маркет каплинг (market coupling) со берзите на соседните земји и членки на Европската унија, што е исто така приоритет на кој посветено се работи за следните две години, заедно со можноста за воведување на интрадневен пазар на електрична енергија“, истакна Ѓорѓиевски. 

Со одборот, претседава Xристина Давидовска од Енерџи Фајненсинг- ТИМ ДООЕЛ Скопје, која на состанокот подвлече дека и понатаму ќе се работи и ќе се следат новитетите кои се од голема важност за унапредување на работата на домашната берза, и осовременување на можностите за тргување со електрична енергија. 

„На последниот состанок на Одборот, заклучивме дека процесот на тргување со евра треба да стартува во првиот квартал на 2025 година и тоа од денеска е реализирано. Заедно со стручните тимови во МЕМО разговаравме за идните планови поврзани со пазарното спојување со единствениот европски пазар – маркет каплинг, воведувањето на интрадневен пазар и веруваме дека истите ќе бидат реализирани во рок“, истакна Давидовска.

Членови на одборот на Организираниот пазар на електрична енергија се и Атанас Настев од ГЕН-И, Виктор Делов од Данске Комодитис ДООЕЛ Скопје, Никола Ушинов – ЕВН Македонија, Антонио Ивановски – АД ЕСМ Скопје, Наташа Дограмаџиева – Манева – Енерџи Актив ДООЕЛ Скопје, Љупчо Најдов – Рењувабал Енерџи Суплај РЕС ДОО Скопје, Драган Наумовски- ТЕ-ТО АД Скопје, Иоанис Панагиотопоулис и Владимир Шошолчев – Дуферко МК ДОО Скопје, кои воедно се и учесници на Македонската берза на електрична енергија.

Домашната берза на електрична енергија, речиси две години обезбедува сигурност и релевантни цени за секој час од денот. Ценовниот сигнал од пазарот „ден однапред“ кој го управува МЕМО е клучен индикатор за ефикасно функционирање на електроенергетскиот сектор во нашата земја.

Информација за Националниот оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:евраенергијаМакедонската берзамемоОфицијално
Претходен напис Додов: Иновациите не се луксуз, домашните компании креираат нови решенија, но им недостасува ризичен капитал
Следен напис Трипуновски на состанок со Сојузот на одгледувачи на овци: Откупот на јагне да тече без застој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?