Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Додов: Иновациите не се луксуз, домашните компании креираат нови решенија, но им недостасува ризичен капитал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Додов: Иновациите не се луксуз, домашните компании креираат нови решенија, но им недостасува ризичен капитал
Агровести

Додов: Иновациите не се луксуз, домашните компании креираат нови решенија, но им недостасува ризичен капитал

Објавено 26/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лидери во иновациите се компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, медицината, социјалното претприемништво и дигиталната трансформација, меѓутоа  најголемиот дел од микро, малите и средни претпријатија решаваат да се задржат во комфорната зона, бидејќи немаат соодветен капитал, велат од Фондот за иновации и технолошки развој

Компаниите во Македонија се иновативни, меѓутоа им недостасува ризичен капитал за да ги имплементираат иновативните решенија, оценува Никола Додов, в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој за „Слободен печат“, вели дека досегашните искуства покажуваат дека недостигот на финансии е прва пречка зошто нема иновации кај определени претпријатија.

-Лидери во иновациите се компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, медицината, социјалното претприемништво и дигиталната трансформација, меѓутоа  најголемиот дел од микро, малите и средни претпријатија решаваат да се задржат во комфорната зона, бидејќи немаат соодветен капитал – вели Додов. ФИТР постои пред сè за да даде финансиска поддршка, да ги мотивира да креираат иновации во самите компании, но и да ја олесни соработката меѓу научно- истражувачките и високо образовните институции и бизнис-заедницата.

Додов е особено горд што ФИТР е првата државна компанија која го започнала процесот за акредитација за Зелениот климатски фонд.

-Нашата цел е да креираме нови работни места и да го поттикнеме економскиот раст во земјата со поддршката на претприемачкиот дух кај младите, бидејќи иновацијата не е тренд, туку основа за забрзан раст, и поголема конкурентност во однос на македонската национална економија и пошироко – вели Додов.

Според Боро Јакимовски, декан на ФИНКИ, ако порано се сметаше дека иновациите се луксуз за компаниите, тие сега се свесни дека тоа е нешто што мора да го прават за да бидат конкурентни.

-Инвестициите во иновациите се враќаат многукратно, а многу важен аспект за нивниот развој освен образованието се секако финансиите. Дома ги нема, па нашите претприемачи трагаат по свеж капитал во странство. Радува фактот што нашите студенти, сè повеќе се решаваат да останат во државата, но и да основаат сопствени бизниси. Имаме многу млади домашни претприемачи, кои се успешни во светски рамки, со изненадувачки добри производи, кои си го наоѓаат своето место на странските пазари – истакна Јакимовски.

Извор: slobodenpecat

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Иновациитекапиталлуксузрешенија
Претходен напис Дожд и повремен снег во наредните денови
Следен напис МЕМО: Официјално започна тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?