Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Меѓународниот ден на шумите се одбележува со акции за пошумување на повеќе локации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Меѓународниот ден на шумите се одбележува со акции за пошумување на повеќе локации
Шумарство и водостопанство

Меѓународниот ден на шумите се одбележува со акции за пошумување на повеќе локации

Објавено 21/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

21 март не е само првиот ден на пролетта, туку е и Меѓународен ден на шумите, на белите дробови на светот кои го чистат воздухот, го намалуваат затоплувањето на планетата, а опфаќаат 80 проценти од копнениот биодиверзитет.
Овој меѓународен ден е прогласен од Обединетите нации во 2012 година и за прв пат прославен следната година на 21 март 2013 година. Денес, таа дата се слави ширум светот, како повик да станеме свесни за улогата што ја играат шумите за заштита на биолошката разновидност и за благосостојбата на човештвото, а во исто време за подигање на јавната свест за важноста на шумите и нивната незаменлива улога за животот на човекот и планетата, за одржливоста на животната средина и за безбедноста на храната.

Шумите покриваат една третина од површината на земјата и се екосистеми со најголема стапка на биолошка разновидност. Шумите кои претставуваат најразновидна и најраспространета средина на нашата планета, за жал се и најзагрозени од влијанието на климатските промени, како и човековите активности заради глобалното уништување на шумите, шумските пожари кое продолжува со алармантни стапки.

Секоја година се одбира тема со која се укажува на важноста на шумата.
Темата за 2023 година е „Здрави шуми за здрави луѓе“, а главните пораки се:
-Шумарскиот сектор отвора работни места за најмалку 33 милиони луѓе, а шумските производи ги користат сите;
-Шумите се од суштинско значење за здравјето на планетата и благосостојбата на луѓето;
-Одржливото користење на шумите ќе ни помогне да преминеме во економија заснована на обновливи, повторно употребливи и рециклирани материјали;


-Одржливото дрво е важен материјал за озеленување на градовите;
-Шумите се од витално значење за одржување на производството на храна;
-Потребни се повеќе активности за да се запре уништувањето на шумите и деградацијата;
-Изберете производи од дрво од легални и одржливи извори.


Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Претходен напис Бабовски: Повторното одгледување на свињи е можно ако се подигнат стандардите во одгледувалиштата
Следен напис Зголемен водостојот на Охридското Езеро, намален на Дојранското
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?