Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Меѓумурските пчелари низ солзи раскажуваат: „Отруени ни се 50 милиони пчели, бараме истрага“!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Меѓумурските пчелари низ солзи раскажуваат: „Отруени ни се 50 милиони пчели, бараме истрага“!
АгровестиОрганско производство

Меѓумурските пчелари низ солзи раскажуваат: „Отруени ни се 50 милиони пчели, бараме истрага“!

Објавено 15/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од ваквите призори боли душата, дури и возрасни мажи плачат. Меѓумурските пчелари раскажуваат дека нема никогаш да ја заборават глетката која во понеделникот на 9 јуни ја затекнаа во своите кошници со пчели. Во радиус од 8 километри биле отруени неколку десетици милиони пчели. Во регионот Меѓумурје се случи еколошка катастрафа. Дваесеттина пчелари изгубиле повеќе од 600 кошници , што всушност  броеле некаде околу 50 милиони пчели.

„Прво помислив на отров. Оваа лаичка претпоставка произлезе од годините поминати во село и со земјоделствот. Отровот би морал да се наоѓа на медоносните растенија. Некој прскал, кој знае со што и бидејќи ветрот оваа недела беше силен, отровот се распрскал на сите страни“. – се обидува да објасни Жељко Трупковиќ и тоа повеќе, како да си објаснува себе си.

Пчеларите од овој крај мислат дека некој многу згрешил, бидејќи „пчелите умираат не загинуваат“. Не сакаат да веруваат дека ова е намерно труење.

Сепак, велат дека земјоделците во тој крај се искусни и дека сите полагаат испит за пестициди. Имаат и серификати, па затоа не може да станува збор за незнаење. „Знаел што прави но згрешил во проценката“ – уверени се пчеларите.

Иако првично се сомневале на произведувачите на компири, бидејќи огромни површини во овој регион се засадени со компири, сепак пчеларите бараат прво криминалистичка истрага, и се борат за тоа да се направи вештачење од центарот во Загреб. Им се јавуваат  и пчеларите од Истра, Славонија и т.н кои нудат помош. Ветеринарниот инспектор веќе однел примероци во Загреб.

-Како сега да продолжат – се прашуваат тамошните пчелари. Штетата е направена, свесни се дека ако истрагата не го пронајде виновникот, тешко дека некој ќе ја признае вината. Затоа јавно го молат барем да ја изора затруената површина.

Покрај поедини виновници кои за своето злодело можат и кривично да одговораат, денес целокупното човештво е непријател на своите хранителки-пчелите. Се развиваат пестициди, се сеат монокултури без цвет, се загадуваат воздухот и водата. Алчноста предизвикува климатски промени , а тие за пчелите е фатални.

Повеќе на следниот линк – Јутарњи.хр

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Меѓумурјеотруени пчелипчеларипчели
Претходен напис Белиот синап, иднина за производство на биопестициди?
Следен напис Градоначалникот на Меѓумурската област во Хрватска прогласи елементарна непогода поради масовниот помор на пчелите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?