Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Медот на Благојче Настевски е интересен и по изглед и по вкус: „Инспирација наоѓам од стари признаени рецепти што се покажале многу добро со генерации“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Медот на Благојче Настевски е интересен и по изглед и по вкус: „Инспирација наоѓам од стари признаени рецепти што се покажале многу добро со генерации“
Магазин

Медот на Благојче Настевски е интересен и по изглед и по вкус: „Инспирација наоѓам од стари признаени рецепти што се покажале многу добро со генерации“

Објавено 10/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Благојче Настевски од село Езерани, Преспа, со пчеларство се занимава 18-тина години.

„Пчеларниците се наоѓаат во Езарани, во природниот резерват за птици. Местото е еколошки чисто, недопрена природа. Нема издувни гасови, нема фабрики“, вели Благојче.

Благојче произведува различни производи од мед. Неговите производи се интересни и по изглед и по вкус. Во неговиот разновиден меден асортиман може да се најде мед со чувар куќа и други лековити растенија, природен мед со лешник, бадем, сончоглед, бразилски орев, сува кајсија, орев, брусница, семки од кајсија, семки од тиква , кикирики мед со полен, црно семе и масло од црно семе, мед со сува цреша, полен и сува слива…

„Инспирација наоѓам од стари признаени рецепти што се покажале многу добро со генерации, а и од мое искуство гледам дека е навистина така. А, читам и литература“, ни открива Благојче.

Благојче ни опиша како става сосема празни тегли во сандаците со пчелки, па тие сами си градат пита како што ним им одговара, а потоа тој само дополнува со течен мед.

Задоволен е со пласманот на неговите производи и планира и во иднина да продолжи како и досега.

„Имам добри, стабилни муштерии, а тие се стекнуваат само со чесност, професионалност. Има купувачи, секогаш ќе има луѓе што го ценат квалитетот. Планот е и натаму така…“

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Благојчемед
Претходен напис Европскиот елен, нова атракција на Галичица
Следен напис МЗШВ: Малите производители ќе ги поддржиме со грант до 600.000 денари, треба само да се регистрираат во АХВ, за да можат да остваруваат продажба од праг или фарма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?