Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Мед и здравје“ – отворен Пчеларскиот саем во Скопје со повеќе од 15 изложувачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Мед и здравје“ – отворен Пчеларскиот саем во Скопје со повеќе од 15 изложувачи
Агровести

„Мед и здравје“ – отворен Пчеларскиот саем во Скопје со повеќе од 15 изложувачи

Објавено 29/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку 15 изложувачи од земјава учествуваат на годинашниот трет „Пчеларски саем на Македонија“ што беше отворен денеска на плоштадот во Скопје и ќе трае до недела. Мотото на манифестацијата е „Мед и здравје“, а посетителите ќе можат да купат и да дегустираат мед, полен, матичен млеч, природни ликери на база на мед без шеќер, саќе,… На некои од штандовите се продава и опрема неопходна за пчеларење. Гости со свои штандови се претставници од Факултетот за земјоделски науки и храна и Факултетот за ветеринарна медицина.



„Пчеларството во земјава оди во нагорна линија. Има пчелари од сите бранш и старосни структури, од машки и од женски пол. Пчеларството станува семеен бизнис со традиција, но го избираат и голем број млади како своја, основна дејност. Имаме, исто така, и своја автохтона пчела. Оваа и претходните неколку години приносот на мед е многу намален, а меѓу причините за тоа се климатските промени, употребата на пестициди од страна на овоштарите и градинарите, прскањето против комарци,… За пофалба е што квалитет годинава е многу подобар и покрај големите горештини“, беше речено на отворањето на Саемот.



Според Пчеларската федерација која е организатор на Саемот, медот и пчелните производи се одличен адут за подобрување на здравствената состојба особено сега, во време на КОВИД. Федарцијата во оваа прилика јавно укажа на проблемот со кој се соочуваат пчеларите и апелира да не се вршат здравствени прегледи на веќе зазимени пчелни семејства.

-Прегледот треба да се врши во април или мај и по потреба, ако пчеларот забележи болест кај пчелните семејства, го повикува матичниот ветеринар. Не треба да се врши преглед на веќе зазимени пчелни семејства. Според сознанија, има случаи на наплата, а неизвршен здравствен преглед. Пчеларот тоа не треба да го дозволи зашто станува соучесник на такви дејства, подвлекоа од Пчеларската федерација.

Главен покровител и домаќин на „Пчеларскиот саем на Македонија“ е Град Скопје.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пчеларски саем
Претходен напис Птичји грип во Германија, Холандија и Чешка – Сѐ повеќе луѓе се заразуваат со оваа болест во Кина
Следен напис (Видео) Како брзо и лесно да ја исчистите калинката без да направите неред во кујната
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?