Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МАТТО бара ажурирање на Договорот за слободна трговија со Турција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МАТТО бара ажурирање на Договорот за слободна трговија со Турција
Агровести

МАТТО бара ажурирање на Договорот за слободна трговија со Турција

Објавено 30/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За уште поголем економски напредок, зголемување на трговската размена и привлекување нови инвеститори, земјава мора итно да ја надмине клучната препрека, а тоа е ажурирањето на договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција, му порача синоќа Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На седницата на Управниот одбор на МАТТО на која присуствуваше и Битиќи, беше истакнато дека МАТТО се обидува веќе подолго време да најде решение за слободната зона во Гевгелија, која преку моделот на јавно-приватно партнерство очекува да и биде доделен.

-Целта на МАТТО е да даде придонес кон двојно зголемување на турските инвестиции во следниот период. Трговската размена во периодов е околу 700 милиони долари, но нашата тенденција е најпрво да достигнеме трговска размена до една милијарда долари, а потоа многу повеќе. За да ја реализираме оваа тенденција и за поголем економски напредок на нашата држава, постојат повеќе механизми. Еден од нив е и можноста за користење кредити од 550 милиони долари кои турската Егзим банка ги има одвоено за Македонија, рече претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски и го информираше вицепремиерот дека турските инвестиции учествуваат со 35 проценти од вкупните странски вложувања во земјата.

Битиќи информираше за состојбата со државниот Буџет, нагласувајќи дека благодарение токму на приватниот сектор во февруари има зголемување од 25 отсто по основ на сите приходи, додека пак вкупниот пораст во јануари 2022 година изнесува девет проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Владата, рече Битиќи, досега има потрошено вкупно 200 милиони евра од кои 170 милиони за справување со енергетската криза и дополнителни 30 милиони за активностите за обезбедување топлинска енергија.

Вицепремиерот презентираше и дел од дополнителните мерки поврзани со ликвидноста на компаниите – обезбедување бескаматни кредити преку Развојната банка и Европската инвестициска банка.

-Битиќи ја изрази отвореноста на Владата за уште поинтензивна соработка со приватниот сектор, во насока на справување со предизвиците кои ги носи економската криза, истакнувајќи дека не може да се очекува развој без инвестиции, како од приватен така и од јавен карактер, наведува МАТТО.

На оваа заедничка средба, дополнува Комората, беше планирано и да се утврдат начините и можностите за уште поголема соработка со Владата во насока на подoбрување на економската состојба во државата и продлабочување на економската соработка на компаниите од Република Турција со Република Северна Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БитиќиМАТТО
Претходен напис Цената на пченицата би можела да биде повисока од 400 евра за тон
Следен напис Временските услови оптимални за земјоделските култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?