Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на пченицата би можела да биде повисока од 400 евра за тон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цената на пченицата би можела да биде повисока од 400 евра за тон
Пазари

Цената на пченицата би можела да биде повисока од 400 евра за тон

Објавено 30/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на пченицата повторно се зголемија над 380 евра/т по падот минатата недела, поради знаците за напредок во преговорите за прекин на огнот во Украина. За тоа придонесе стравот од глобалната криза за снабдување. Аналитичарите веруваат дека е можно брзо зголемување на цените на повеќе од 400 евра/т бидејќи проблемот со снабдувањето продолжува да се влошува, пренесува Agrarheute.

На европскиот пазар на фјучерси, цените на пченицата минатата недела завршија на 381,75 евра по тон, а новиот род беше котиран на 347,75 евра по тон, што е за 20 евра повеќе од претходната недела. Денес, највисоката сума е забележана на Чикашката берза (CME) и изнесува 394,81 евра/т.

Цената на пченката минатиот петок беше 338,75 евра, а новата реколта 296 евра за тон.

До ваков тренд доаѓа затоа што се повеќе заинтересирани страни на пазарот очекуваат војната во Украина да продолжи уште некое време. Аналитичарите во моментов проценуваат дека земјата најверојатно ќе може да извезе само 200.000 тони пченица од март до јуни. Постои страв кај трговците со житарки од последиците што ќе ги имаат воените штети врз логистиката и новата сеидба.

Новата украинска жетва на житарки во 2022 година се очекува да падне за 55 отсто на само 38,9 милиони тони. Извозот следната сезона би можел да падне од јули 2022 година до јуни 2023 година за околу една третина на 30 милиони тони, вклучувајќи 10 милиони тони помалку пченица и 19 милиони тони помалку пченка.

Извоз преку западната граница

Минатата недела, украинското Министерство за инфраструктура објави дека иако пристаништата на Црното и Азовското Море остануваат затворени, трговците ги пријавуваат првите пратки пченка што ќе бидат испорачани во Европа со железница. Украина најголемиот дел од своето жито го извезувала преку пристаништата на Црното Море, а месечниот извоз пред војната бил повеќе од 5 милиони тони.

Трговците и челниците во земјоделството објавија дека Украина сè уште има значителни количини житарки складирани од претходната жетва и сега се обидува да започне со извоз со возови преку нејзината западна граница.

Се проценува дека до 600.000 тони житарки месечно може да се извезат преку железницата во Европа, но се проценува дека само еден милион тони ќе ја напуштат земјата од март до крајот на маркетиншката годината кон крајот на јуни поради логистички проблеми.

Сушата во Канада, САД и Кина ги намалува приносите

Исто така, постојат стравувања од дополнителни загуби во производството поради временските услови во другите региони во светот. Во Канада земјоделците се соочуваат со суша, а причина за загриженост даваат и податоците од теренот.

Минатогодишната суша ги подигна цените на пролетната пченица богата со протеини на четиринаесетгодишен максимум на берзата во Минеаполис. Слична е ситуацијата во САД и Кина, бидејќи овие земји исто така се соочуваат со временски непогоди и недостаток на влага во почвата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
Таг:берзапазарипченица
Претходен напис Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021
Следен напис МАТТО бара ажурирање на Договорот за слободна трговија со Турција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?