Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Матичен млеч – Комплекс од аминокиселини и протеини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Матичен млеч – Комплекс од аминокиселини и протеини
Магазин

Матичен млеч – Комплекс од аминокиселини и протеини

Објавено 06/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Матичниот млеч е густа бела или кремаста смеса со специфичен мирис и киселкасто-сладок вкус, а е производ што го прават пчелите за исхрана на пчелата матица, младите пчели работнички и трутовите. Тој има висока биолошка и хранлива вредност. Покрај обичниот матичен млеч, постои и друг вид, кој е нешто погуст и содржи повеќе хранливи материи.

Производството на матичен млеч е тежок процес, а за шест месеци една добро одржувана кошница може да произведе околу половина килограм млеч. Бидејќи не е долготраен, потребно е откако ќе се земе од кошницата, да се чува на ладно. Ако се измеша со мед, може да трае подолго.

Чување и користење

Во составот на млечот влегуваат 18 аминокиселини и десетина протеини. Некои од нив се физиолошки активни ензими, исто така содржи јаглехидрати, витамини, минерали, липиди. Активните состојки каде што спаѓаат пептиди, стероли и други, сè уште не се испитани до крај.

Матичниот млеч може да се купи во специјализирани продавници, аптеки и од производители на мед. Природниот млеч се чува во фрижидер на максимум пет степени или во замрзнувач, каде што ако се замрзне, може да трае до седум години, без да го смени квалитетот. Ако се чува во фрижидер, се користи како капки под јазик, а од замрзнувач се зема со дрвена лажичка. Освен самостојно, може да се користи и во комбинација со разни имуностимулатори и додатоци.

Корисни својства

Не треба да доаѓа во допир со метални предмети бидејќи се создава хемиска реакција од која се губат својствата на млечот. Најдобро е да се зема свеж, да се стави под јазик и да се почека неколку минути да се стопи. Така полесно се апсорбира во крвта и дава најбрзи ефекти. Препорачливо е да се зема двапати на ден, наутро и попладне, не и навечер, бидејќи дава енергија и може да доведе до несоница. Матичниот млеч дејствува благотворно на целиот организам. Ја подобрува размена на материите, го намалува нивото на холестерол, го подобрува имунитетот, апетитот, циркулацијата на крвта. Воедно го забавува процесот на стареење го нормализира притисокот.

Сепак, мора да се спомене дека лицата алергични на полен треба да внимаваат при внесување матичен млеч, бидејќи се забележани случаи на напад на астма или алергиски напади при консумирање пчелини производи.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:матичен млеч
Претходен напис (Видео) Новиот интелигентен асистент на јапонските земјоделци
Следен напис Еден килограм чини 3.000 евра, а луѓето го ризикуваат животот за да ги добијат – Зошто овие морски животни се толку скапи?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?