Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Маричиќ ја промовираше кампањата „Ние сме Европа“ со која ќе им се приближат на граѓаните придобивките од членството на државата во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Маричиќ ја промовираше кампањата „Ние сме Европа“ со која ќе им се приближат на граѓаните придобивките од членството на државата во ЕУ
Агровести

Маричиќ ја промовираше кампањата „Ние сме Европа“ со која ќе им се приближат на граѓаните придобивките од членството на државата во ЕУ

Објавено 23/08/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Секретаријатот за европски прашања, денеска беше промовирана кампањата „Ние сме Европа“ во организација на СЕП, а во соработка со Владата на Република Северна Македонија.

Караванот на кампањата ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.

-Првиот настан е во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, информираше вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната промоција на кампањата во просториите на СЕП.

Активностите, како што дополни, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.

-Во секој град ќе се одржува и трибина каде што ќе биде отворена за присуство на сите граѓани, рече вицепремиерот.

Тој информираше дека кампањата е во рамки на напорите Република Северна Македонија да ги исполни стратешките цели и да ги приближи граѓаните кон евроинтеграциите.

– Целта на овие настани е да ги претставиме придобивките, неопходните реформи и начините како членството во Европската Унија ќе го заштити и зајакне македонскиот идентитет, рече вицепремиерот Маричиќ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еуМаричиќпродобивкисееврна македонија
Претходен напис Николовски: Обезбедуваме поддршка за Институтот за тутун од Прилеп за поставување на систем за наводнување на опитни полиња
Следен напис Ковачевски: Владините политики создаваат поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?