Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Владините политики создаваат поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Владините политики создаваат поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции
Агровести

Ковачевски: Владините политики создаваат поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции

Објавено 23/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска оствари средба со делегација на Hyundai Motor Group, предводена од извршниот директор Еуисун Чунг и јужнокорејскиот амбасадор, Бае Јонинг.

На средбата се разговараше за потенцијалот кој Северна Македонија го има за странските инвестиции, како и за владините политики за создавање на поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции.

На состанокот се потенцираше дека Северна Македонија нуди низа предности за инвестирање, меѓу кои и стратешка локација, блискост до солунското пристаниште, добра патна инфраструктура, а во тек е изградба и на автопатот до пристаништето во Драч.

Премиерот Ковачевски подвлече дека овие податоци заедно со договорите кои Северна Македонија ги има потпишано за слободна трговија кои овозможуваат пристап до пазарите во 40 земји со 600 милиони потрошувачи ја прават нашата земја одлична дестинација за странските инвеститори.

На средбата делегацијата на Hyundai се запозна со фактот дека во моментов 40 бизнис капацитети во нашата земја се во сопственост на странски инвеститори од Тајван, Германија, Канада, САД и за финансиската поддршка која Владата ја нуди на меѓународните инвеститори кои користат локални добавувачи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаземјапазарисубвенциихундаи
Претходен напис Маричиќ ја промовираше кампањата „Ние сме Европа“ со која ќе им се приближат на граѓаните придобивките од членството на државата во ЕУ
Следен напис „БИМФУД“ – уште една успешна приказна на ИПАРД: 20 милиони денари за опрема
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?