Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Манифестација „Дарови од природата“ во Куманово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Манифестација „Дарови од природата“ во Куманово
Агровест

Манифестација „Дарови од природата“ во Куманово

Објавено 01/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Куманово, вчера се одржа манифестацијата „Дарови од природата“ на која одгледувачите и собирачите на ароматични, зачински и лековити билки имаа можност да се едуцираат преку предавања, работилници на кои зборуваа стручни лица. Настанот го организираше Комората на органски производители со поддршка на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Целта на оваа манифестација е да се претстави и презентира улогата на зачинските, ароматичните и лековити билки и растенија. Стручните лица пред одгледувачите и собирачите пренесоа искуства и добри практики.

– На работилницата учествуваат и нашите партнери од Словачка. Целта е одгледувачите и собирачите да научат правилно да ги собираат билките, дел од нив да се култивираат, особено сега во ова време на Ковид 19, изјави Драган Цветковиќ, претседател на Комората.

Проф. др. Зоран Димов од УКИМ, од Факултетот за земјоделски науки и храна, кој ја третира проблематиката на култивирано одгледување, вели дека на денешното предавање ќе се осврне и на економската корист од плантажното одгледување на производителите и задоволување на потребите на индустријата.

Тој појаснува дека и во државата и во Европа и светот, пазарот се задоволува од собирање на дивата флора, но дека индустриите, фармацевтска, козметичката и прехранбената сѐ повеќе бараат стандардна суровина, со изедначен квалитет, со активни материи, поради кои растителната суровина се користи и се преработува.

– Дел од ова предавање кои се предизвиците на земјоделските производители, на фармерите на локалните собирачи на лековити растенија да почнат во иднина да размислуваат од овој начин на собирање од дивата флора, нивно преориентирање кон култивирано одгледување и со кои предизвици можат да се соочат, едноставно предности и маани на едниот и другиот начин, со цел фармерот да биде задоволен од економски аспект и да се задоволат потребите на индустријата, вели Димов.

Во вториот дел, Комората на органските производители одржа годишно собрание.

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:Дарови на природатакумановоманифестацијаУКИМ
Претходен напис Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени
Следен напис Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?