Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Малите хидроакумулации во Струмичко прелеваат, големите чекат врнежи да се наполнат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Малите хидроакумулации во Струмичко прелеваат, големите чекат врнежи да се наполнат
Шумарство и водостопанство

Малите хидроакумулации во Струмичко прелеваат, големите чекат врнежи да се наполнат

Објавено 12/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Малите хидроакумулации во Струмичко се полни и прелеваат, додека големите чекаат врнежи за да се наполнат. Но, и покрај тоа акумулираната вода во браните е доволна за пиење и наводнување, а површините од околу 2 илјади хектари ќе можат да се наводнуваат веќе од март, кога и официјално почнува сезоната за наводнување.

Според денешните мерења, двете најголеми брани „Турија“ и „Водоча“ се полни помалку од половина, а малите прелеваат.

-Во „Турија“ се насобрани скоро 18 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони, а во „Водоча“ има 11,5 милиони од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода. Помалите акумулации „Новоселка“, „Маркова река“, „Чаушица“ и „Иловица“ се полни и прелеваат, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица.

Од акумулацијата „Турија“ градот Струмица троши меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно, а за наводнување се користат 18 милиони кубни метри вода, додека од браната “Водоча“ се трошат околу 6 милиони кубни метри вода за наводнување.

Според Ѓоргиев, и годинава се очекува да продолжи трендот на стабилна наплата за користењето на водата за наводнување, кој се движи околу 98 отсто.

Тој апелира и на совесно користење на каналската мрежа која е отворена и според него се очекува во наредниот период да се реализира проектот за затворање на каналската мрежа и со тоа и драстично да се намали загубата на вода за наводнување. 

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:водочатурија
Претходен напис Намален водостојот на реката Вардар
Следен напис Полска е првата земја која сака да ја забрани ГМО добиточната храна – Најголемите живинарски компании се против ваквата одлука и сметаат дека тоа ќе предизвика колапс на фармите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?