Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонското земјоделство низ бројки: Повеќе тутун, сончоглед, јајца и млеко, сè помалку жито, зеленчук и овошје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонското земјоделство низ бројки: Повеќе тутун, сончоглед, јајца и млеко, сè помалку жито, зеленчук и овошје
Агровести

Македонското земјоделство низ бројки: Повеќе тутун, сончоглед, јајца и млеко, сè помалку жито, зеленчук и овошје

Објавено 02/04/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жито се сади на третина од македонското обработливо земјиште и тоа е земјоделската култура која најмногу се одгледува во земјава. Сепак, лани биле засеани дури 4 илјади хектари помалку отколку во 2024 година. Најголем пад има кај производството на зеленчук и овошје. Затоа, пак, во 2025 година повеќе се одгледувале сончоглед, тутун и компири. Се намалил и бројот на овци, говеда и кокошки, но, за среќа, сепак се произведува повеќе домашно млеко и јајца. Македонското земјоделство сè уште во огромен дел се потпира на индивидуалните земјоделци.

Но, зошто ова е важно? Бројките во земјоделството се клучни за држава како Македонија. Земјоделството учествува со речиси 8 отсто од вкупниот БДП во државата, а ако се додаде и прехранбената индустрија поврзана со земјоделското производство, овој удел е околу 11 проценти. Извозот од земјоделските производи (особено тутун, вино и зеленчук), според одредени податоци, изнесува дури 10 проценти од вкупниот извоз на земјата.

Во овој сектор е ангажирана речиси една шестина од вкупното работоспособно население. Земјоделството носи социјална стабилност и обезбедува доволно храна. Тоа е штит на една држава во услови на криза, како што се воените жаришта, како она во Украина.

Дополнително, со увозот на храна всушност најмногу се „увезува“ туѓа инфлација, бидејќи транспортните трошоци и логистиката ја зголемуваат цената на лебот и основните намирници.

Земјата сè помалку се обработува

Според Државниот завод за статистика, во Македонија лани имало 1 233 099 хектари земјоделско земјиште, што е помалку од 2024 година. Од оваа површина, обработливата почва изнесува 504 илјади хектари, што е за 4 илјади хектари помалку од претходната година. Најголем дел се ораници и бавчи. Кај обработливата површина е забележано намалување кај лозјата, а зголемување кај овоштарниците.

Но, кои култури се одгледувале на ова обработливо земјиште? Интересно е дека лани за шест отсто се зголемило производството на сончоглед, за 3,5 отсто пораснало одгледувањето на тутун, а кај компирот има пораст од 2,3 проценти.

Па така, се произвеле 205,5 илјади тони компир, речиси 25 илјади тони тутун и 5,6 илјади тони сончоглед.

За жал, онаму каде што е најпотребно, има потфрлање. Житните култури лани биле засадени на дури 2 500 хектари помалку од претходната година. Пченицата е берзански производ, а од нејзината цена зависи и цената на лебот и многу други производи.

За една третина е намалено производството на крмна пченка, која е клучна сточна храна во зима. Лани помалку се произвеле и домати и пиперки, а особено сме потфрлиле кај овошјето.

„Во 2025 година, во однос на 2024 година, е забележано значително намалување на производството кај сите овошја, и тоа од 31,6 % кај праските до 54,1 % кај црешите“, заклучиле во Државниот завод за статистика.

Помалку крави и овци, ама повеќе домашно млеко

Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија сè помалку се одгледува добиток. За една година, од 2024 до 2025, бројот на овци е намален за повеќе од 9 отсто. Во 2025 година се евидентирани безмалку 470 илјади овци, од кои многу мал дел се одгледуваат на земјоделски фарми (4 802 овци).

Бројот на говеда (142 715 грла), кои се главен извор на месо и кравјо млеко, лани се намалил за речиси еден отсто. И говедата најмногу се одгледуваат од земјоделци-индивидуалци. Во споредба со 2024 година, за една десетина е намален и бројот на кокошки што се одгледуваат во стопанските или индивидуалните фарми.

Од добитокот, лани има пораст само кај одгледувањето свињи, и тоа за 18,5 проценти. Од овој пораст, дури една третина е кај индивидуалните фарми.

Иако се одгледувале помалку крави и овци, сепак лани имало повеќе домашно млеко во споредба со 2024 година. Вкупниот број на говеда и овци опаднал, но се зголемил бројот на грла што се користат за молзење. Во 2024 година, од сите говеда во земјава, речиси 77 илјади биле молзени крави, а во 2025 година овој број пораснал на речиси 81 илјада.

Па така, лани во земјава се произвеле речиси 290 милиони литри кравјо млеко, што е три отсто повеќе од претходната година. Слично е и кај овците — лани биле произведени 26,7 милиони литри овчо млеко, што е 4 отсто повеќе од 2024 година. Редовно опаѓа само производството на козјо млеко.

Иако цената на јајцата изминатата година беше променлива и растеше, во земјава лани се произвеле повеќе јајца отколку претходно.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:бројкизеленчукјајцаМакедонското земјоделствомлекоовошје
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.04.2026 година
Следен напис До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?