Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонското јагне се извезе на европскиот пазар, на домашниот пазар со цена над 500 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонското јагне се извезе на европскиот пазар, на домашниот пазар со цена над 500 денари
Агровести

Македонското јагне се извезе на европскиот пазар, на домашниот пазар со цена над 500 денари

Објавено 09/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонското јагне се извезе на европскиот пазар за католички Велигден, а сега стигнува во домашните месарници. Кланичарите велат дека годинашниов извоз е нешто помал од лани.

Во споредба со лани помал е извозот на македонското јагне на европските пазари. Се извезуваше за Хрватска, Италија. Главно поради цената, зашто имаше доволно стасано јагниња поради топлата зима. За сточарите е ниска цената од околу 200 денари за килограм жива мера, за извозниците и крајните европски купувачи беше висока. Има останато за македонскиот пазар, ама не знам колку ќе се продаде зашто цената моментално во месарниците е од 500 до 550 денари за килограм. За потрошувачите е скапо, зашто за да испечеш јагнешко и да има доволно на трпезата, мора да се купи барем два, три килограми, вели Тони Павлески од кланичарската индустрија.

Според Марјанчо Стојаноски, сточар од Прилепско, трошоците се високи за одгледувањето јагниња, а со години е трендот на намалување на фондот, зашто нема млади сточари.

-Со овие откупни цени и со зголемени трошоци е многу тешко. Во светот е најевтино македонското јагне, зашто во Албанија, Бугарија е по 6 евра за килограм жива мера. Се намалува сточниот фонд. Нешто подзадржуваат субвенциите што ги зедовме, но ситуацијата ќе биде тешка. Скапи се храната, препаратите. А никој нема од младите заинтересиран за одгледување овци. Освен тоа, не може да се најде овчар. Последниве години нема млади сточари кои отвориле одгледувалиште. Тешко е, вели Стојаноски, кој е и потпретседател на здружението во Пелагонија „Орлови бари“.

Граѓаните чекаат пред месарниците и пресметуваат. Велат, зависи од џебот. Некои земаат само јагнешки дроб, колку да замириса за Велигден, други ќе купат месо, оти, еднаш во годината е Велигден.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:jagnesko
Претходен напис Општина Босилово за собрани пластични шишиња доделува овошна садница
Следен напис Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?