Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонската винска индустрија е успешен пример во кој правец треба да се развива економијата во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Македонската винска индустрија е успешен пример во кој правец треба да се развива економијата во земјава
Агровест

Македонската винска индустрија е успешен пример во кој правец треба да се развива економијата во земјава

Последна измена: 13/08/2023 10:57
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Делегација на Сојузот за стопански комори на Македонија – ССК предводена од претседателот  г-дин Трајан Ангелоски, потпретседателите, Горан Ѓеорѓиевски, Орце Симов и Сашо Дукоски, заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот г-дин Љупчо Јаневски, остварија  посета на македонската винарија  Имако од штипскиот регион.

Никола Љуботенски менаџерот за развој во винаријата ИМАКО ги престави производствените капацитети за произвоство на вино, дестилеријата за производство на традиционални ракии и вињаци, со која оваа винарија е во првите пет винарии во земјата со годишно производство од 11 милиони литри високо квалитетно вино и дестилати. 

,Ќе се согласиме дека не постои единствена формула за високо квалитетно македонско вино, бидејки треба да се има многу љубов и посветеност кон лозарството произведувајќи врвна суровина, врвно грозје, сончеви денови, стручен експертски кадар и квалитетна технологија, што несомнено македонските винарии го имаат. На десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар и фестивал (BIWC) осовоивме 7 медали за нашите вина”, истакна Никола Љуботенски од винаријата Имако.

Според Ангелоски, винската индустрија е потребно да добие уште повисоко место во македонската економија, бидејки во последните години бележи континуиран раст и извоз кој според истражувањата на World`s Тop Exsports ја вбројува нашата земја како производител и извозник на вино помеѓу 15-те земји во светот за 2022 година. Забележан е раст од 4,3% и извоз од 60,365 милиони долари за 2022 година,со што македонската винска индустрија се најде во друштвото на Франција, Италија, Шпанија, Нов Зеланд, Чиле, Португалија, Аргентина, Австралија, Јужна Африка, Грузија, Молдавија, Унгарија кои заедно испорачуваат 92,4% од вкупниот светски извоз на вино во 2022 година.

Традицијата на производство на квалитетно вино е добро позната во овие краишта низ историјата за што сведочат големиот број на археолошки локалитети и предмети изложени низ голем број на вински музеи низ државата. Сместена во централниот дел на Балканскиот Полуостров, со 260-290 сончеви денови, Македонија спаѓа во винската зона, која го опфаќа поголемиот дел од Медитеранска Европа, вклучувајќи некои од најпознатите вински дестинации на стариот континент, како што се Провенс, Корзика и регионот Писпул де Пин (Франција), Болгери и Сицилија (Италија) и Санторини (Грција), a денес е обезбедено и целосно турустичко искуство во Македонија – сместување во удобните локални престојувалишта, разгледување на природно богатата околина и дегустација нанајквалитетното македонско вино,,

,,Винскиот туризам, или попознат како „ено-гастро концепт” е меѓу најпопуларните трендови во светот бидејќи претставува совршен спој на локално вино и хедонизам. Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда. На овој начин дирекно се овозможува зајакнување на локалната економија, производството на локална храна, новите зелени работни места кои ќе овозможат намалување на миграцијата,, истакна директорот на Агеннција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Посетите на бизнис секторот од Сојузот за стопански комори активно ќе продолжи во следниот период со цел запознавање од прва рака со потребите и предизвиците со кои се среќаваат македонските компании во нивното работење. Потребна е уште поголема фокусираност за создавање на бизнис клима со која ќе се овозможи зголемување на условите за производство и стимулирање на извозот преку сет на мерки кои во следниот период ќе бидат подготвени и предложени на владата  од експертските тимови на ССК.

Може да ви се допадне

ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
МЗШВ: Јавната расправа по Предлог-законот за земјоделство и рурален развој ќе се одржи на 12 јуни 2025 година
Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори
Министерката за финансии  најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците
Таг:агенција за промоцијавиноимакомзшвстопанска коморасубвенции
Претходен напис Бачовски: До крајот на септември ќе има резултати за мерка 121 – инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства
Следен напис Потребни ИНФОРМАЦИИ И КОНТАКТИ за учество на домашните компании на тенедерите на НАТО во висина од 5 милијарди евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?