Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија ќе му понуди нула царини на трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија ќе му понуди нула царини на трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот
Агровести

Македонија ќе му понуди нула царини на трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот

Објавено 08/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија може да ги намали и до нула царинските стапки за САД, бидејќи трговската размена со нив е многу ниска. Ова може државата да го понуди на Вашинтон, а според Министерката за финансии ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот . Главните преговори ги води министерот за надворешни работи и се очекува разрешница за можноста за потпишување на договор за слободна трговија по што би имало намалување на царините.

 Подготвуваме измени во Законот за царинските стапки со кои можеме да одиме на нивно намалување дури и до нула зашто ефектот нема воопшто да биде голем, бидејќи целиот извоз лани бил нешто над 100 милиони евра што е многу малку во споредба со размената со останатиот дел од светот. Било каква промена на царинските стапки нема да има никакво влијание на Буџетот,… Тоа во овој момент може да им го понудиме на САД, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска

Македонската влада не очекува директни негативни последици. Дури и поради високите стапки кои Америка ги наметна на нашиот најголем трговски партнер ЕУ, не треба да се стравува од отпуштања, намалување на извозот или пак селење на компаниите од земјава. Проблем има само една компанија која е директно зависна од извозот во САД, но  Владата работи за да и помогне

– Невозможно е преку ноќ да се случи нешто. Компаниите може да имаат намалено производство, но нема да ги отпуштат вработените на краток рок. Во меѓувреме европските држави ќе се договорат со САД. Во делот на преселба на капиталот нема да има реакција, бидејќи тоа е долг процес, и нема да се случи дека ќе има отпуштање од работа затоа барам да не се крева паника во тој однос– рече Димитриеска- Кочоска.

Според Владата, САД направила грешка со пресметката и дека во Македонија нема царинска стапка од 65 отсто, а  токму тоа е основата на преговорите кои ги води МНР. Според царинската управа највисоката стапка од Македонија кон САД  е 15 отсто.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочоскамилиони еврапарисад
Претходен напис  (ВИДЕО) Проф. Тошо Арсов од ФЗНХ со совети до земјоделците како да ги заштитат овошните и лозови насади од измрзнување
Следен напис (ВИДЕО) Бугарија: Април го донесе најголемиот студ во последните 20 години: Штетите на посевите се огромни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?