Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Магдоносот никнува за три часа – едноставен трик кој дава резултати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Магдоносот никнува за три часа – едноставен трик кој дава резултати
Растително производство

Магдоносот никнува за три часа – едноставен трик кој дава резултати

Објавено 18/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Магдоносот е едно од најчестите растенија во градината, но многу градинари знаат колку време е потребно за да се видат првите изданоци. Ртењето на семето обично трае од десет дена до дури три недели. Причината е во самата структура на семето, кое е покриено со слој богат со есенцијални масла.

Овие масла ги штитат семето од гниење и штетници, но во исто време го забавуваат апсорбирањето на влагата и не дозволуваат магдоносот побрзо да ‘рти. Додека тој слој не се измие, младиот изданок тешко може да ја пробие мембраната. Добрата вест е дека постои лесен начин значително да се забрза тој процес.

Едноставен трик што го забрзува ‘ртењето

Еден од најпознатите начини за забрзување на ‘ртењето е кратко потопување на семето во благ алкохолен раствор. Овој процес им помага на есенцијалните масла побрзо да се разградат и да се измијат.

Измешајте една лажичка вотка во чаша топла вода.

Ставете ги семките од магдонос во растворот и оставете ги точно 15 минути.

После тоа, добро исплакнете ги семките под млаз вода.

Завиткајте ги во влажна крпа и оставете ги на топло место два до три часа.

По неколку часа, може да се појават ситни коренчиња и семето веќе е подготвено за сеење.

Метод без алкохол

Доколку не сакате да користите алкохол, постои и поблага варијанта со топла вода. Оваа постапка е малку побавна, но дава и добри резултати.

Семето се прелева со вода на температура од околу 45-50 степени и се остава да отстои околу два часа. Препорачливо е водата да се менува на секои дваесет минути за постепено да се намали концентрацијата на есенцијални масла.

Како правилно да се засадат подготвените семиња

Кога семето е веќе активирано, многу е важно почвата да биде правилно подготвена.

Почвата треба да биде растресита и малку влажна, без тврда кора.

Семето се сее плитко, на длабочина до еден сантиметар.

По сеидбата, добро е површината лесно да се прекрие со хумус или тресет.

Ако условите се добри, првите изданоци можат да се појават веќе следниот ден.

Предуслови за добар раст на магдоносот

Магдоносот најдобро расте на сончеви места со плодна и ратсресита почва. За сортите што формираат корени, важно е слојот на почвата да биде подлабок и добро обработен. Ако садите магдонос во градината, проверете дали на тоа земјиште претходно не пораснале растенија од истото семејство како:

моркови

копар

коријандер

ким.

Парцелата со магдонос најдобро се подготвува на есен. При копање, се додаваат околу три до пет килограми хумус на квадратен метар почва.

Напролет, во земјата може да се внесат сложени минерални ѓубрива, кои дополнително го подобруваат растот на растенијата.

Кога и како да се сее магдонос

Магдоносот е растение отпорно на студ и може да се сее директно во земјата од втората половина на април. Најчесто се одгледува во редови со растојание од околу 20 до 25 сантиметри. Семето се става во плитки бразди на длабочина од половина до еден сантиметар, потоа се наводнува и почвата лесно се притиска.

Ако се сее суво семе, ‘ртењето може да трае до три недели. Затоа многу градинари применуваат подготовка на семето пред сеидбата, како што е плакнење во топла вода или кратко натопување. За да се задржи влагата во почвата, посеаната површина често се покрива со фолија додека не се појават првите изданоци. Така, магдоносот добива идеални услови за побрз и рамномерен раст.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:магдоносникнуварезултгатисемето
Претходен напис Трипуновски: Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство
Следен напис Променливо облачно време – во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?